Бурак Озчивит, турскиот „Бали Бег“, не се откажува од неговиот заштитен знак – долгата брада (фото)
- Детали
- петок, 09 април 2021
36-годишниот актер роден во Истанбул на македонската публика ѝ е најпознат по улогата на Бали Бег во хит-серијата „Сулејман Величествениот“. Тој е еден од најпопуларните турски актери на денешницата и „тежи“ околу 5 милиони долари.
Неговото богатство генерално доаѓа од улогите во сериите, но и како заштитно лице за познати брендови рекламирајќи пијалаци, облека, модни додатоци и козметика.
Бурак, покрај актерство, се занимава и со моделство и продукција.
На 29 јуни во 2017 година се венчаа со неговата сопруга Фахрије Евџен, која на публиката ѝ е најпозната по улогата на Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“, а заедно го имаат синчето Каран кој наскоро ќе наполни 2 години.
Актерот е активен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, на каде го следат неверојатни 17 милиони луѓе.
Погледнете како изгледа згодниот актер денес, кој дефинитивно не се откажува од неговиот препознатлив, заштитен знак – долгата брада:
https://www.instagram.com/p/CLmekVHlzxx/
(О)Милена | Црнобело