Времето застанало за нив – Ѕвезди кои годинава полнат 40 години, а изгледаат подобро отколку во младоста
- Детали
- понеделник, 12 април 2021
Времето навистина лета, а стануваме особено свесни за ова кога ќе ја слушнеме возраста на познатите кои обично ни се чини дека имаат 20-тина, најмногу 30 години.
Знаевте ли дека годинава, Бијонсе, Џесика Алба и Натали Портман полнат 40 години?
Можеби е тешко да поверувате во ова, најмногу бидејќи овие жени, но и многу други славни, денес изгледаат дури подобро отколку во нивната младост.
Сите сме свесни дека славните зад себе имаат цел тим стилисти, но навистина е неверојатно што изгледа како времето навистина да застанало за нив.
Па, погледнете кои славни годинава полнат, или веќе наполнија 40 години, а изгледаат подобро од кога било:
1. Не левата фотографија Крис Еванс има 26 години и дотогаш се имаше појавено во само два филма. До 40-годишна возраст, актерот изгради блескава кариера и е еден од најпрепознатливите актери од филмовите на Марвел.
2. Веќе до 23-тата година (лево) Џесика Алба имаше освоено пет филмски награди. Денес познатата актерка уште е активна, а дефинтивно изгледа подобро отколку во минатото.
3. На 19-годишна возраст, Илајџа Вуд имаше само неколку мали улоги зад себе. Годинава актерот наполни 40 години, а досега го има позајмено гласот за неколку видео игри и се има појавено во над 60 филмови.
4. На фотографијата лево, Џастин Тимберлејк има 22 години и веќе се пробиваше во светот на музиката. До денес, на 40-годишна возраст, пејачот воопшто се нема променето.
5. На 25-годишна возраст Рами Малек го имаше своето филмско деби и малкумина знаеја за него. Во мај тој полни 40 години и денес може да се пофали со неколку одлични филмови и Оскар за најдобра машка улога.