Кеша тврди дека имала секс со дух, Хари Стајлс дека има 4 брадавици – необични факти за ѕвездите

Поговорката вели дека понекогаш вистината може да биде почудна од фикцијата. Оваа изрека е целосно оправдана кога станува збор за славните.

Neobicni-fakti-za-zvezdite-01.jpg

Прочитајте неколку луди, но вистинити факти за следните ѕвезди:

Кеша тврди дека имала секс со дух

Во интервју со Конан О’Брајан, пејачката тврди била интимна со дух. Безимениот дух започнал да ја гали и двајцата заедно имале секси вечер. Пејачката не е единствената славна личност која тврди дека имала романтична средба со дух.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (1).jpg

Хари Стајлс има 4 брадавици

Харизматичниот пејач ја потврди гласината дека има четири брадавици во интервју за Челси Хендлер. Оваа состојба на дополнителни брадавици се нарекува полителија. „Тоа навистина постои“, изјави Стајлс.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (2).jpg

Кејти Пери собира коса од славните

Кога станува збор за чудни хобија, Кети Пери дефинитивно има откачено хоби. Пејачката открила дека сака да собира примероци од косата на славните колеги. Поточно, Пери изјавила дека веќе има прамени од косата на Мајли Сајрус и Тејлор Свифт.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (3).jpg

Ештон Кучер има споени ножни прсти

Ештон има состојба наречена синдактилија, односно споени ножни прсти. Актерот ги покажал во едно британско ток-шоу во 2008 година. „Кога сè друго е така убаво, нешто мора да изгледа вака“, иронично одговорил.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (4).jpg

Ребел Вилсон станала актерка поради халуцинација

Ребел Вилсон морала да фати маларија за да сфати дека сака да биде актерка. За време на патување во Јужна Африка, Вилсон тврди дека имала халуцинација како освојува Оскар, веројатно поради силните лекови што ги примила поради маларија. После тоа, таа одлучила да ја претвори халуцинацијата во реалност.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (5).jpg

Том Хенкс е опседнат со машини за пишување

Актерот има колекција од над 100 старински машини за пишување. Тој дури напишал и книга раскази, а во секој од нив имало машина за пишување. „Задоволство од пишување на стари машини за куцање е неспоредливо со она што го добивате од лаптопот“.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (6).jpg

Опра има када во форма на нејзиното тело

За време на едно интервју во „The Late, Late Show“, Винфри открила дека поседува мермерна, рачно резбана када од оникс во форма на нејзиното тело. Направена е истовремено да собере уште едно лице.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (7).jpg

Семејството Обама не ги исплатиле студентските долгови до своите 40-ти години

Двојката не ги исплатила студентските долгови за студирањето до 2004 година, само малку пред Барак да ја добие претседателската функција на САД. Кога ги исплатиле долговите имале 42, односно 40 години.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (8).jpg

Меган Маркл рачно ги испишала поканите за венчавката на Пола Патон и Робин Тик

Пред да стане дел од најпознатото кралско семејство, Меган Маркл ги плаќала своите сметки со помош на калиграфија. Таа рачно ги испишала поканите за свадбата на Пола Патон и Робин Тик во 2005 година.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (9).jpg

Никол Кидман се плаши од пеперутки

Актерката страда од фобија од пеперутки што произлегува од нејзиното детство поминато во Австралија. Таа изјавила дека не може да го поднесе чувството на пеперутка како ја допира.

Neobicni-fakti-za-zvezdite (10).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg