Кејт Мидлтон повторно во стајлинг кој е совршен според кралските стандарди
- Детали
- вторник, 23 март 2021
И додека сѐ уште се води дебата околу тоа кои од изјавите на Меган Маркл и Хари во интервјуто со Опра се вистинити, Кејт Мидлтон продолжува со улогата на совршен припадник на кралското семејство.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија во центарот за вакцинација во катедралата Westminster Abbey каде запалија свеќи и положија цвеќе за 126.000 луѓе кои починаа во Велика Британија за време на пандемијата.
Кралскиот пар исто така им оддаде почит на медицинските лица кои макотрпно се борат во оваа тешка битка со вирусот.
Инаку, токму во оваа катедрала Кејт и Вилијам се венчаа во април 2011 година.
Војвотката се појави во стајлинг во земејни тонови кои ги задоволува сите кралски правила и нема ништо несоодветно од типот на лак за нокти во силна боја или неуредно прибрана коса, како што правеше Меган Маркл.
Прочитајте и 9 правила за убавина кои ниту една кралска дама не смее да ги прекршува
Стајлингот на Кејт:
С. С. | Црнобело