Бизарно или тренди – Ким Кардашијан се пофали со новите дијамантски украси за заби
- Детали
- четврток, 18 март 2021
Ким Кардашијан има неколку сетови дијамантски украси за заби, а сега се пофали дека купила уште еден, овојпат украсен и со опал. Не е позната точна цена на овој моден детаљ, но наводно се движела од 200 до 1.200 долари за заб.
После разделбата со Канје, Ким не престанува да изненадува. 40-годишната ријалити ѕвезда објави фотка на Инстаграм на која ги покажува нејзините нови дијамантски украси за заби. На фотографијата се гледа само нејзината уста, а според описот, забите се направени од опал „врамен“ со дијаманти.
Ким ги направила украсите за нејзините заби кај познат стоматолог, на чиј веб-сајт пишува дека цената за овој бизарен украс се движи од 200 до 1.200 долари за заб. Наводно, и ѕвездите како Хајди Клум и Фарел имале купено сличен дизајн од кај неа, па можеби треба да очекуваме нов тренд кај славните и богатите.
Се чини дека Ким е вљубена во овој необичен детаљ – во 2019-та откри дека има друг сет, на кој украсите за долните заби се направени само од дијаманти, а на горните има мал дијамантски крст.
Всушност, Ким има неколку сетови дијамантски украси за заби, а според нејзините објави, првиот го купила во 2018-та.
Што мислите вие за омилениот моден додаток на Ким – дали изгледа добро или, како што велат некои фанови, е само бизарен начин да се пофали за богатството?
Спирова С. | Црнобело