Дру Баримор боса се шета по улиците низ Њујорк - минувачите во неверување (фото)
- Детали
- четврток, 18 март 2021
По нечистиот асфалт 46-годишната актерка се движеше боса... Дали е дел од групата луѓе кои одат секаде боси затоа што веруваат дека така ќе се поврзат со мајката природа и ќе црпат енергија од неа?
Дру Баримор е позната по ексцентричниот моден стил, но овојпат 46-годишната актерка навистина ги изненади сите откако одлучи боса да се прошета по улиците на Њујорк.
Во сиви тренерки, без градник и без чевли на нозете, таа се движеше без проблем.
Баримор сосема нормално си чекореше по асфалтот, додека ја сликаа папарацо фотографите. Можно е да е дел од групата на луѓе кои веруваат дека шетајќи боси ќе се поврзат со мајката природа и на тој начин ќе црпат енергија од неа.
Дали ова верување го има и Дру Баримор, останува да видиме...
Прочитајте и Дру Баримор: „Majка ми од мене креираше чудовиште и на 13 години ме смести во психијатриска установа“
Фотки од Дру боса во Њујорк:
С. С. | Црнобело