После 2 одложени венчавки, Џеј Ло и Алекс Родригез ѝ ставија крај на 4-годишната врска
- Детали
- сабота, 13 март 2021
Неколку извори тврдат дека Џеј Ло и Алекс Родригез ја раскинале свршувачката. Сега Џеј Ло е во Доминиканска Република каде што снима филм, а Алекс е во Мајами. Не е позната точната причина, но се претпоставува дека е поради гласините за аферата на Алекс.
Светските медиуми пренесуваат дека наводно, Џеј Ло и Алекс Родригез ѝ ставиле крај на свршувачката, после 4 години поминати заедно. 51-годишната пејачка и 45-годишниот поранешен бејзбол играч раскинале во петокот, а изворите тврдат дека разделбата била очекувана.
Последен пат Џеј Ло и Алекс беа забележани заедно на почетокот од март и оттогаш се немале видено. Парот имал многу проблеми во врската, веќе извесен период. Последно Џеј Ло и Алекс објавија заедничкчи фотографии во февруари, од Доминиканска Република, каде што пејачката снима нов филм.
„Алекс сега е во Мајами и се подготвува за бејзбол сезоната, а таа го снима филмот во Доминиканска Република“, вели еден од изворите.
Алекс сподели и фотографија од Мајами, со опис:
„Не гледајте ме, само си правам селфи… Какви се вашите планови за викендот?“
Иако парот изгледаше среќно, а Џеј Ло сподели и дека оделе на терапија што им било од голема помош, изворите велат дека неколку месеци имале многу проблеми:
„Нештата се лоши веќе три месеци. Се обидуваа да ја спасат врската поради децата, но на сите им беше јасно дека нема да успеат. Сакаа заедно да купат огромна куќа, а кога тоа не се случи, штом се откажаа од договорот, на нивните пријатели им стана јасно“.
Некои велат дека најголемата причина се гласините за Медисон Лекрој - мејкап артистка која се прослави со реалното шоу Southern Charm. Според гласините, Алекс имал афера со Медисон, откако се дозна дека таа се гледала со маж кој е во врска. Многумина претпоставуваат дека тој маж е всушност Алекс, но немa никакви докази за ова. Наводно, Медисон и Алекс само пријателски разговарале на телефон, но воопшто не се сретнале. И самата Медисон изјави дека Алекс никогаш не би ја изневерил Џеј Ло, а сигурно не со неа.
Џеј Ло и Алекс двапати ја одложија венчавката поради пандемијата, а неодамна пејачката сподели дека можеби воопшто нема да прават свадба. Во интервју таа откри дека и на двајцата им се допаѓа врската како што е сега.
Парот живееше заедно последниве четири години, со близнаците на Џеј Ло и двете ќерки на Алекс. Уште се немаат огласено во врска со целата ситуација.
Спирова С. | Црнобело