Меган Фокс е доказ дека не се сите ѕвезди исти – сама вози и полни гориво, облечена во кул аутфит (фото)
- Детали
- четврток, 11 март 2021
Меган Фокс беше фотографирана со кул аутфит додека полнеше гориво во Калифорнија, а наводно одела кон студио каде што работи на нејзиниот нов проект.
34-годишната актерка беше фотографирана додека полни гориво во Калифорнија, а одбрала навистина интересна комбинација.
Меган носеше фармерки со висок струк, кроп-топ маичка, големо карирано палто и бели сандали со врвки. Комбинацијата ја дополнила со мала чанта.
Како и секогаш, Меган изгледаше одлично.
Наводно, актерката одела кон студио каде што работи на нејзиниот нов проект – хорор филмот Till Death, чија премиера е закажана за оваа година.
Моментално актерката е во врска со Машин Ган Кели, заедно се околу една година и се неразделни откако ја почнаа романсата. Таа и 30-годишниот музичар се запознаа на сетот на Midnight in the Switchgrass, a само неколку месеци подоцна јавноста дозна дека се заедно.
Пред јавно да ги соопштат новостите за нивната романса, Меган поднесе барање за развод од Брајан Остин Грин, со кого беше во брак околу една деценија. Тие имаат три деца и наводно, уште преговараат за старателството. Машин Ган Кели, пак, има 12-годишна ќерка од претходна врска.
Спирова С. | Црнобело