По критиките, Меган Маркл откри која е најемотивната работа што кралицата ја направила за неа
- Детали
- четврток, 11 март 2021
Од немањето поддршка и солзите за време на кралски настани до проблемите со менталното здравје и притисоците, Меган ги отвори картите комплетно, но се сети и на еден прекрасен потег на кралицата.
Во интервјуто на Опра, Меган Маркл искрено говореше за сите негативни страни во времето кога била дел од кралското семејство.
Од суицидните мисли до притисокот и немањето поддршка и заштита, таа комплетно ги отвори картите во ова интервју.
Зборуваше и за стравот на членовите од монархијата околу тоа со каква боја на кожа ќе се роди нејзиното дете, како и дека Кејт ја расплакала неа пред свадбата, а не обратно како што пренесоа медиумите.
Но, покрај негативните, таа се сети и на некои позитивни работи од овој период, а како најемотивен потег кон неа од страна на кралицата Елизабета, го нагласи тој кога по првиот кралски ангажман заедно, таа во автомобилот ѝ го дала нејзиното ќебенце за и таа да се покрие и да си ги стопли нозете.
Кралицата имала ќебенце во автомобилот секогаш за да си го стави врз колената, а во тој миг го поделила со неа.
Овој интимен миг се случил во јуни 2018 година, еден месец по кралската свадба на Меган и Хари.
Прочитајте и за Најлошиот миг што Меган го доживеала додека била дел од кралското семејство
Повеќе фотки од емотивниот миг со кралицата и Меган:
С. С. | Црнобело