„Јас сум губитник“: Ким Кардашијан искрено за разводот со Канје во трејлерот за финалната сезона на шоуто
- Детали
- вторник, 09 март 2021
Моќниот трејлер прикажува мигови од секојдневието на познатите сестри од изминатите 14 години, од најубавите до најтажните, од најголемите трагедии до најсмелите соништа...
Ким Кардашијан во солзи кажува „Јас сум губитник“ кога говори за разводот со Канје Вест во трејлерот за финалната сезона од реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“.
Во трелјерот се опфатени најзначајните моменти од секојдневието на познатото семејство од изминатите 19 сезони. Тие цели 14 години практично живеат пред камерите и сите свадби, породувања, разделби, солзи, сето тоа е документирано со видео материјал.
Инаку, кога Ким говори за разводот со Канје е опколена со најблиските во соба, а највнимателно ја слуша 25-годишната сестра Кендал Џенер.
Ким и Канје беа кај терапевт за да се обидат да го спасат бракот, но по неуспехот Ким поднесе документи за развод.
Во видеото Клои говори дека сака уште деца, но и Кендал дека сака да основа свое семејство.
Погледнете го трејлерот за финалната сезона на познатото реално шоу:
Што прават деновиве најпознатите сестри на светот низ Инстаграм фотки:
Ким Кардашијан
Клои Кардашијан
https://www.instagram.com/p/CL5HiC4BKUY/
Кортни Кардашијан
Кајли Џенер
https://www.instagram.com/p/CMK7F7xnl2f/
https://www.instagram.com/p/CL42QGlnl5N/
Кендал Џенер
С. С. | Црнобело