„Хари имаш ли друг костум да облечеш, Меган добро се знае каква беше кон кралскиот персонал“ - нови напади кон кралскиот пар
- Детали
- среда, 03 март 2021
На принцот Хари очигледно сивиот костум му е омиленото парче од гардероберот, го носи за разни пригоди, па дури и за гостувањето кај Опра.
Откако принцот Хари во шоуто на Опра се појави повторно со омилениот сив костум, британските медиуми објавија статии со пораки од типот „Хари имаш ли друг костум“?
Овој костум Хари го носеше во многу пригоди во изминатите години и тоа од кралски турнеи, како таа во Мароко, до мигот на претставување на синот Арчи во јавност.
Инаку, по веста за интервјуто на парот со Опра, напади има и за Меган Маркл во странските медиуми. Тие потсетуваат на нејзиниот лош однос кон персоналот во времето кога беше дел од кралското семејство.
Обвинувањата беа изнесени уште во октомври 2018 година во магазинот „The Times“ од Џејсон Кануф, кој работел како секретар за комуникација на Хари и Меган.
Тој ја обвини Меган за бркање на членови од персоналот и за поткопување на односите на доверба меѓу членови од персоналот. Џејсон откри дека сите вработени трпат неверојатен притисок од Меган.
Потоа кралскиот пар ги негираше овие тврдења и велеше дека сѐ е дел од организирана кампања против нив.
Што ќе се случи по емитувањето на телевизија на скандалозното гостување во шоуто на Опра, каде парот открива сѐ, останува да видиме.
Прочитајте и „Се плашев дека историјата ќе се повтори“ - моќниот трејлер за интервјуто на Хари и Меган со Опра (видео)
Омилениот костум на Хари:
Потсетете се и Скандал во кралското семејство: Топлес фотки од Меган Маркл протекоа во јавност (18+)
С. С. | Црнобело