Постарата е скиентолог, помалата не ја видел 7 години – како изгледаат ќерките на Том Круз?

Том Круз има две посвоени деца од бракот со Никол Кидман и едно биолошко од бракот со Кејти Холмс, но јавноста не знае речиси ништо за нив. Актерот е во контакт со постарите деца, но изворите тврдат дека ја нема видено најмалата ќерка цели 7 години.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-01.jpg

Иако Том Круз е еден од најпознатите актери на денешницата, обично тој не открива многу детали за неговиот приватен живот. Сепак, покрај сите гласини за скиентолошката црква и неговиот чуден однос со неговите деца, јавноста навистина се интересира за она што се случува во животот на Том.

Том Круз има три деца – две посвоени и едно биолошко. Додека беше во брак со Никол Кидман, тие ги посвоија Конор и Изабела Круз, а од бракот со Кејти Холмс ја доби ќерката Сури.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-02.jpg

Денес Конор и Изабела се возрасни, а Сури има 14 години и се чини дека актерот воопшто не е присутен во нејзиниот живот.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz09.jpg

Том и Кејти се разведоа во 2012-та, а оттогаш Сури живее со нејзината мајка. Пред разводот, актерот често беше забележуван со Сури, редовно одеа на семејни одмори, а дури и кога Том патуваше за потребите на некој филм, одвреме-навреме беше придружуван од тогашната сопруга и ќерка му.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-08.jpg

Актерот дури и неколкупати изјави дека сака Сури и неговите други деца да пораснат заедно и да бидат блиски. За жал, бурниот развод му ги промени плановите и актерот не е забележан со ќерка му веќе неколку години. Во 2019-та, пак, извор близок до Том изјави дека тој го дал најдоброто од себе за да го зачува односот со Сури:

„Без оглед на проблемите во нивниот однос, тој многу ја сака ќерка му. Постојано мисли на неа. Том никогаш не планираше да се оддалечи од Сури кога одлучи да основа семејство со Кејти и сега се надева дека еден ден ќе го подобри односот со ќерка му“.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-07.jpg

Според светските медиуми, Том Круз може да ја гледа ќерка му 10 денови во месецот, но одбива да го прави тоа поради неговите религиски верувања. Том Круз е дел од контроверзната скиентолошката црква – што се верува дека беше причината за разводот со Кејти – а бидејќи Сури не е дел од црквата, актерот не сакал да ја гледа.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-06.jpg

Некои извори одат дотаму што тврдат дека актерот ја нема видено Сури од 2013-та, односно периодот кога таа имаше 7 години.

„Тој може да си ја гледа ќерката кога сака. Но одлучи да не го прави тоа бидејќи таа не е дел од скиентолошката црква“, тврди изворот.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-04.jpg

Актерот воопшто не зборува за неговата ќерка, па засега никој не може да ги потврди сите гласини во врска со нивниот однос. Ни Кејти Холмс не открива ништо за целата ситуација, но нејзин пријател тврди дека понекогаш Том ѝ испраќал подароци на Сури за Божиќ и роденден.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-05.jpg

Сепак, тој е во контакт со неговите постари деца, 28-годишната Изабела и 26-годишниот Конор.

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-03.jpg

Двете деца се држат подалеку од окото на јавноста, но деновиве Изабела сподели селфи на Инстаграм – нешто што е вистинска реткост.

Таа е уметник и на социјалните мрежи споделува само фотки од нејзините дела, и скоро никогаш не се појавува во јавност со нејзиниот татко. Изабела, исто како и Конор, е дел од скиентолошката црква, а за односот со познатиот актер само изјави:

„Нормално дека зборувам со него. Тој ми е татко“.

Повеќе фотки од Сури:

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-10.jpg

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-09.jpg

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-06.jpg

Повеќе фотки од Изабела:

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-07.jpg

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-05.jpg

postarata-e-skientolog-pomalata-ne-ja-videl-7-godini-kako-izgledaat-kjerkite-na-tom-kruz-08.jpg

Погледнете и 11 мрачни работи за Том Круз кои Кејти Холмс ги крие од нивната ќерка

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg