Скот Дисик, бившиот на Кортни Кардашијан, си фати 19-годишна девојка и стана мета на Твитерџиите
- Детали
- недела, 28 февруари 2021
Еден од коментарите на твитерџиите за Скот се: „Може ли колективно да се согласиме дека Скот Дисик (37) треба да престане да се состанува со тинејџерки?“
Поранешниот партнер на Кортни Кардашијан, 37-годишниот Скот Дисик, со кого има 3 деца, си фати 19-годишна девојка.
Тој е во врска со Амелиа Хамлин, а на Твитер кружат осудувачки коментари за тоа што Скот практично се состанува со тинејџерка.
Амелија е родена во 2001 година, работи како модел, а нејзините родители се актери.
Во 2019-та таа лансираше своја модна линија, а истата година се пресели во Њујорк, но потоа замина за Лос Анџелес.
https://www.instagram.com/p/CLSn3htptW-/
Скот и Амелиа се состануваат од октомври 2020 година, само неколку месеци по разделбата на Скот со Софија Ричи. Но, врската ја потврдија дури неодамна за Денот на вљубените.
Тие се 18 години разлика и ова предизвикува доста негативни коментари за Скот. Инаку, неговата претходна девојка Софија Ричи беше 15 години помлада од него.
Но, не е само тој љубител на драстично помлади девојки. На оваа листа е и Леонардо ди Каприо за кој, според податоците во медиумите, се верува дека се нема состанувано со девојка постара од 25 години.
Еден од коментарите на твитерџиите за Скот се: „Може ли колективно да се согласиме дека Скот Дисик треба да престане да се состанува со тинејџерки?“
Прочитајте и Одат на одмори со неговата бивша, 15 години е постар: Факти за врската на Скот Дисик и Софија Ричи
Реакциите на твитерџиите:
https://twitter.com/Sadafshar/status/1363950267461365761?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1363950267461365761%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.intheknow.com%2Fpost%2Famelia-hamlin%2F
https://twitter.com/JulieWi01978654/status/1361585782209843200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1361585782209843200%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.intheknow.com%2Fpost%2Famelia-hamlin%2F