Сите детали за немилата драма на Лејди Гага - ранет шетачот на кучиња, кучињата украдени, таа нуди огромна награда за пронаоѓачот
- Детали
- петок, 26 февруари 2021
Шетачот на кучињата на Лејди Гага бил погоден со куршуми 4 пати во градите и сето тоа е снимено со надзорна камера од дом од соседството, а два од нејзините три миленици се киднапирани.
Лејди Гага нуди награда од половина милион долари за оној кој ќе успее да ги пронајде и да ги врати нејзините два француски булдози кои беа украдени во Холивуд.
На американските медиуми има и наведено мејл за контакт Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со имињата на нејзините миленици Koji и Gustav.
Инаку, нејзиното трето куче, булдогот Miss Asia успеало да побегне.
Член на персоналот на поп дивата кој се грижел за кучињата бил застрелан околу 22 часот во среда вечер (24.02.2021) и тоа четири пати со полуавтоматски пиштол. Двајца напаѓачи од него ги одземале кучињата и заминале од местото на злосторството со бел седан, според изворите од полицијата за американските медиуми и според видеото кое е снимено од надзорна камера во близина на местото на случувањето.
Истрагата е во тек, и, за среќа, шетачот на кучињата на Гага закрепнува добро.
Човек од соседството му помогнал и веднаш бил пренесен во болница.
Инаку, шетачот на кучињата е 30-годишниот Рајан Фишер, кој се грижел за трите кучиња на Гага додека таа била на снимање на филм во Рим, Италија.
Не се знае дали конкретна мета биле француските булдози на Гага, но се претпоставува дека е така затоа што сега француски булдог со добро педигре може да се продаде и до 10.000 долари.
Повеќе фотки од милениците на Гага:
С. С. | Црнобело