Ким Кардашијан среќна како сингл жена на вечера, Канје Вест веќе не носи бурма - по веста за разводот (фото)
- Детали
- четврток, 25 февруари 2021
Претходниот брак ѝ траеше 72 дена, а овој со Канје 7 години, но очигледно Ким чувствува огромно олеснување по поднесувањето на документи за развод.
Ким Кардашијан и Канје Вест се разделија по 7 години брак, а одлуката да поднесе документи за развод очигледно ѝ годи на Ким која блескаше во тесен зелен фустан за време на вечерата со сестра ѝ Кортни Кардашијан и неколку пријатели.
Со насмевка на лицето во текот на целата вечер 40-годишната Ким очигледно ужива во новиот статус на сингл дама.
Но, изгледа дека и Канје Вест се одлучи да продолжи понатаму. 43-годишниот музичар исто како и Ким беше фотографиран без бурмата на рака, по веста за разводот.
Инаку, за бракоразводната постапка Ким ангажираше позната адвокатка за разводи, која ѝ помогна при ставањето на крај на вториот брак со Крис Хамфрис, кој траеше само 72 дена.
Прочитајте и Што добива Ким по разводот од Канје, според предбрачниот договор?
Фотки од Ким:
С. С. | Црнобело