Што добива Ким по разводот од Канје, според предбрачниот договор?
- Детали
- понеделник, 22 февруари 2021
Официјално беше објавено дека Ким поднела барање за развод од Канје, по 6 години брак, а на светските медиуми се објавуваат информации околу нивниот предбрачен договор и што наводно добива Ким по разводот.
Парот се разведува наводно затоа што веќе подолго време „живеат одвоени животи.“
Но, што е со богатството кое што го стекнаа за време на бракот? Што добива Ким, а што останува за Канје?
The Sun пренесува дека Канје се согласува на заедничко растење на децата, а што се однесува до предбрачниот договор, Канје во 2014-та сметал дека нема потреба од такво нешто.
Сепак, пред да стапат во брак, адвокатите им составиле договор според кој во случај на развод, наводно:
Ким добива по 1 милион долари за секоја година која ја поминале во брак.
Ким го добива домот во Bel Air, кој е на нејзино име, иако Канје вложувал во него.
Ким ги задржува сите скапи подароци – Cartier бразлетните кои чинат просечно по 35.000 долари една, Hermes чантата која е проценета на 40.000 долари и неонскиот Mercedes-Benz проценет најмалку 227.000 долари.
Исто така, Ким ги задржува вереничките и венчалните прстени, купени по ограбувањето во Париз, каде ѝ беше украден оригиналниот прстен од 4,5 милиони.
На нејзина сметка остануваат и сите заработки од брендовите кои ги развиваше изминатите години SKIMS и KKW.
Ким останува и како лице за исплата на една од животните полиси на Канје, проценета на 20 милиони долари, дури и откако тие ќе се разведат.
Сега за сега, не се знае дали Канје добива нешто од нејзина страна.
М. Д. | Црнобело