Ќерката добива часови по гитара од Лени Кравиц – Како Џеј Ло им го слави 13-тиот роденден на децата?
- Детали
- вторник, 23 февруари 2021
Им носеше појадок во кревет, за ќерката Еме го донесе Лени Кравиц во домот, а на синот му овозможи онлајн часови по пеење со нејзиниот тренер – како Џеј Ло го помина денот кога нејзините деца-близнаци станаа тинејџери?
Децата на Џенифер Лопез, близнаците Макс и Еме, наполнија 13 години, а нивната мајка цел ден ги опсипуваше со љубов, внимание и изненадувања, како и секогаш.
Нивниот 13-ти роденден, Џеј Ло го започна со појадок во кревет за децата, направи роденденски фотки со нив и ги изненади исполнувајќи им ги желбите поврзани со музиката.
За ќерката Еме, Џеј Ло го донесе Лени Кравиц во нивниот дом, кој ѝ држеше часови по гитара, а освен што има покажано дека го има наследено талентоза пеење од нејзината мајка, изгледа одлично се снаоѓа и со свирење.
Синот Макс пак, можеби ќе тргне по стапките на неговите родители, па за роденденот, мама Џенифер му организираше онлајн часови по пеење, од познатиот Стиви Меки, кој работи на пеењето и вокалот на многу светски ѕвезди, меѓу кои и самата Џеј Ло.
Од фотките не може да не забележиме дека Макс е копија на тато Марк Ентони, а Еме повеќе наликува на мама Џеј Ло.
М. М. | Црнобело