Фустан од месо, „породување“ на сцена: Најлудите настапи и појавувања на Лејди Гага
- Детали
- недела, 21 февруари 2021
Од необични костуми, па сè до „крвавење“ и „породување“ на сцена, изгледа Лејди Гага секогаш има по некое (не)пријатно изненадување за публиката.
Уште на почетокот од кариерата, Лејди Гага почна да привлекува внимание со чудната облека и базираните настапи и перформанси. На секој важен настан, на секое доделување на музички награди, пејачката ја изненадува јавноста и ги остава сите без зборови.
Додека во повеќето случаи Гага сака да испрати некоја порака со нејзината облека и нејзините перформанси, факт е дека повеќето се само чудни, па дури и невкусни.
Па, погледнете кои се најбизарните настапи и појавувања на Лејди Гага:
Доделувањето на Греми наградите во 2011
Во 2011-та, Лејди Гага пристигна на доделувањето на Греми наградите во огромно јајце, кое го носеа четворица луѓе. Таа дури даде и изјава зборувајќи од јајцето. Наводно, овој перформанс е поради нејзиниот сингл Born This Way, кој пејачката премиерно го отпеа на доделувањето.
Настапот на MTV VMA во 2013-та
На доделувањето на MTV Video Music Awards во 2013-та, пејачката настапуваше со бизарен костим кој вклучуваше и додаток на нејзината глава во форма на квадрат.
Бизарниот настап во 2014-та
Во 2014-та Лејди Гага ги надмина и нејзините најчудни настапи дотогаш, со перформанс со кој наводно сакала да испрати порака против силувањето.
Додека ја пееше песната Swine, пејачката беше качена на механичка свиња, додека една артистка повраќаше неонска боја врз неа. Нормално, настапот не беше прифатен како што си замислила пејачката, па дури и беше обвинета дека со него ги воздигнува нарушувањата во исхраната.
„Крвавиот“ настап на MTV VMA 2009
Во 2009-та на доделувањето на MTV VMA Канје Вест го прекина говорот на Тејлор Свифт, изјавувајќи дека таа не ја заслужила добиената награда. Но, ова не беше најчудниот настан на доделувањето.
Кога Лејди Гага ја изведуваше Paparazzi, почна да „крвави“ како да е прободена со нож, и ова стана еден од најзборуваните настапи на MTV VMA.
„Породување“ на Saturday Night Live
Во 2011-та Лејди Гага настапуваше на Saturday Night Life, а сите останаа запрепастени од нејзиниот бизарен перформанс. Среде настапот, пејачката се појави со лажно „трудничко стомаче“ и кон крајот од песната се „породуваше“.
Фустанот од месо на MTV VMA 2010
Зарем има некој што не го помни фустанот од месо на доделувањето на MTV VMA во 2010-та? Подоцна пејачката откри дека со фустанот сакала да испрати порака против дискриминацијата на хомосексуалците во армијата на САД.
Спирова С. | Црнобело