Ќерката на Мадона повторно со неизбричени пазуви, овојпат во модна кампања на Marc Jacobs
- Детали
- среда, 17 февруари 2021
24-годишната Лурдес Леон повторно позира со незибричени пазуви и покажува бунт кон поставените стандарди за убавина во општеството.
Ќерката на Мадона, Лурдес Леон, е дел од новата модна кампања на Marc Jacobs.
24-годишната Леон промовира облека и модни додатоци, во свој препознатлив стил – со неизбричени пазуви.
Овој бренд е познат по долгогодишната соработка со Мадона, па не е чудно што изборот паднал на тоа Лурдес Леон да биде лицето на нивната модна кампања.
Нејзиниот младешки дух, како и чувството за индивидуализам и нејзината непокорност се главните особини на Леон кои очигледно им се допаднале на одговорните на овој бренд.
Инаку, ќерката на Мадона е позната по тоа што сака да им се спротивставува на поставените стандарди за убавина и во знак на бунт постојано шета со неизбричени пазуви.
Фотографии од модната кампања:
Прочитајте и Ќерката на Мадона со неизбричени пазуви и полу-танга бикини со момчето на одмор во Мексико (фото)
С. С. | Црнобело