„Не се филери!“ – Криси Тајген со отечени усни поради алергиска реакција на портокал (фото)
- Детали
- понеделник, 15 февруари 2021
Криси Тајген сподели дека имала алергиска реакција од портокал поради која ѝ отекле усните, а на Инстаграм покажа фотка на која изгледа како да има филери.
На Инстаграм Криси Тајген сподели фотка на која изгледа како да ставила филери во усните, но во описот објаснува дека станува збор за алергиска реакција.
„Изгледам одлично! Не е промашување со филери. Ќе ви кажев да беше така. Се случи откако ја гризнав кората на сомнителен портокал. Можеби имало пестициди на неа?“, пишува на објавата.
Криси сподели и Инстаграм Стори покажувајќи дека ѝ отекол и носот.
Во коментарите, повеќето фанови ѝ дале совет бидејќи и самите се нашле во слична ситуација. Некои, пак, ја искористиле можноста да се пошегуваат:
„Сега цел Холивуд ќе ги бара овие портокали“.
„Направи мејкап туторијал!“
„Гледате ли, чоколадото никогаш нема да ви направи нешто вакво“.
Иако овојпат Криси само имала незгода и затоа усните и се зголемени, односно отечени, сепак таа отворено зборува за козметичките процедури и нејзината операција на градите.
Криси ги зголеми градите на почетокот од кариерата, а минатата година сподели дека ќе ги отстрани имплантите. Тогаш моделот изјави дека веќе ѝ се досадило од големите гради и само сакала да може да облече фустан со нејзина големина и да може да лежи на стомак.
Спирова С. | Црнобело