Фотки од доење, стрии: Ешли Греам руши предрасуди на тема мајчинство и ги инспирира и другите жени
- Детали
- недела, 14 февруари 2021
Таа ги охрабри и другите жени да ѝ испраќаат фотографии на кои се гледаат „несовршеностите“ на нивното тело – односно голата вистина.
Плус сајз моделот Ешли Греам ужива во улогата на мајка. Таа го документира со фотографии целиот процес и споделува детали од нејзините мајчински „маки“.
Отворено говори за стриите на телото кои ѝ се појавиле, а неодамна позираше во смело издание со стриите на телото, а исто така инспирираше и многу жени да ѝ испратат фотографии од своето тело со „несовршености.“
Потоа ја објави галеријата на својот Инстаграм профил:
Ешли исто така објави фотографии и видеа на кои одблиску се гледа процесот на доење на нејзиното малечко.
Но, сега најавува дека планира да прекине со доење.
„Јас сум и шеф и бизнис жена и имам работа“, објасни Ешли за нејзината одлука и додаде дека жената и да нема работа сигурно има обврски надвор од домот кои треба да ги заврши и тоа не е можно со мало детенце прикачено на нејзината града.
Вели дека ѝ е страв што ќе го прекине овој емотивен процес, но од друга страна финансиската ситуација ја присилува да се врати во канцеларијата и да прекине со доењето.
Дел од нејзините смели фотографии и видеа:
С. С. | Црнобело