Романтичната приказна како Мет Дејмон ја запознал сопругата - тие се еден од најсреќните парови во Холивуд
- Детали
- сабота, 06 февруари 2021
Мет Дејмон е една од холивудските легенди и најголеми заводници, но тоа не го спречува да биде посветен само на една жена веќе речиси 2 децении, да извршува домашни обврски со неа, да го прифати нејзиното дете и да добијат уште 3 деца заедно...
Мет Дејмон (50) е една од најголемите холивудски ѕвезди, но тоа не го спречува да биде сосема приземјен.
Деновиве тој беше фотографиран како фрла ѓубре и завршува домашни обврски со неговата сопруга Лусијана Баросо во Австралија, каде моментално работи на снимањето на блокбастерот на Марвел „Thor: Love and Thunder“.
Парот е во брак од 2005 година и важи за еден од најсложните и најсреќните парови во Холивуд.
Лусијана не сака многу да ја има во медиуми бидејќи не е дел од филмската индустрија, а својот приватен живот се обидуваат да го задржат на страна од медиумите.
Тие се запознале во бар на Мајами, кога Дејмон работел на снимањето на филмот „Stuck On You“ во 2003 година, а Лусијана, која има аргентинско потекло, работела како шанкерка таму.
Во интервју за австралиското издание на Vogue во 2018 година таа откри кога ја запознала суперѕвездата за првпат.
„Работев како шанкерка во Мајами кога тој снимаше филм таму и екипата заврши во барот каде што работев. Мет има малку поромантична верзија на нашата прва средба – тој вели дека кога ме видел во просторијата имало светло над мене, а јас се шегував уште тогаш – па, да ова е ноќен клуб, има светла насекаде.“
Баросо тогаш била самохрана мајка на едно дете.
„Во клубот Мет ми пристапи затоа што сакаше наводно да се сокрие во шанкот, луѓе почнаа да го препознаваат и да се фотографираат со него, тоа стана малку агресивно затоа што имаше и пијани, па јас го пуштив да влезе позади шанкот.
Потоа му кажав да не стои така и да направи некој пијалак. За улога во некој филм имал тренирано да работи како шанкер и навистина беше успешен, ми заработи многу пари таа вечер затоа што луѓето го препознаваа.
Потоа ми призна дека само сакал да зборува со мене. Испадна навистина забавна ноќ и еве по толку години уште сме заедно.“