Канје си „собрал“ 500 пара патики од заедничкот дом, Ким позира во бикини среде гласини за развод

После многуте гласини за разводот на Ким и Канје, раперот почнал да се сели од нивниот заеднички дом, додека Ким се однесува како да не се случува ништо и си објавува секси фотки на Инстаграм.

povekje-ne-razgovaraat-kanje-se-seli-od-zaednichkiot-dom-kim-si-pozira-vo-bikini-srede-glasinite-za-razvod-01.jpg

Гласините за разводот на Ким и Канје не стивнуваат, а сега изворите тврдат дека парот веќе воопшто не комуницира. Според светските медиуми, Ким и Канје повеќе не разговараат и веќе почнале да живеат целосно одвоени животи. Како „доказ“ за ова е фактот дека Канје наводно почнал да си ги собира работите од нивниот заеднички дом.

„Ким и Канје живеат одвоени животи. Тие немаат никаков контакт“, тврди изворот близок до парот.

Наводно, раперот уште не е целосно иселен од нивниот заеднички дом, но веќе почнал да ги преместува неговите работи во друга куќа, вклучувајќи и 500 пара патики.

Според изворите, Ким веќе има направено цел план на разводот, а останува уште да поднесе барање. 40-годишната ријалити ѕвезда само го чекала вистинскиот момент.

povekje-ne-razgovaraat-kanje-se-seli-od-zaednichkiot-dom-kim-si-pozira-vo-bikini-srede-glasinite-za-razvod-02.jpg

Ниту Ким ниту Канје се немаат огласено во врска со гласините за разделбата, но ријалити ѕвездата постојано објавува фотографии на социјалните мрежи и, како што велат фановите, се однесува како да не се случува ништо.

Во нејзината последна Инстаграм објава Ким позира во бикини, гордо покажувајќи ги облините, а во објавата напишала:

„Се надевам дека имате одличен ден“.

Фотката најверојатно е направена на нејзиното неодамнешно патување во Туркс и Кајкос, на кое беше со сестрите Кортни и Кајли, без сопругот Канје.

povekje-ne-razgovaraat-kanje-se-seli-od-zaednichkiot-dom-kim-si-pozira-vo-bikini-srede-glasinite-za-razvod-04.jpg

По сè изгледа Ким добро се справува со целата ситуација со Канје, а некои извори тврдат дека уште не се огласила за разделбата бидејќи тоа ќе биде тема на последната епизода на ријалити шоуто на Кардашијан.

„Шоуто на Кардашијанс ќе има шокантен крај. Веќе ја снимаа Ким како зборува за брачните проблеми. Конфликтите со Канје се голем дел од последната сезона на шоуто. Но, никој од семејството не зборува за ова бидејќи последната епизода ќе се емитува подоцна во 2021-ва“, тврди извор близок до семејството.

povekje-ne-razgovaraat-kanje-se-seli-od-zaednichkiot-dom-kim-si-pozira-vo-bikini-srede-glasinite-za-razvod-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Сопругата на Канје се облече, Пирс Броснан со извалкано сако: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични... Сестрата на Кралот Чарлс, принцезата Ана беше фотографирана како патува во патни...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...
Канје Вест се разведува по 2 години брак: „Дали Бјанка конечно ќе почне да се облекува?“ „Се прашувам дали Бјанка ќе почне да се облекува како нормален човек, сега кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg