„И ова ќе помине“ – Ќерката на Хајди Клум го покажа лицето со акни + фотки од нејзината прва модна ревија
- Детали
- среда, 27 јануари 2021
Кратко по нејзината прва модна ревија, младата Лени (16), ќерката на Хајди Клум, откри како изгледа нејзиното лице без шминка, храбро покажувајќи ги проблемите со акните, со кои многу млади се соочуваат.
Ќерката на Хајди Клум, 16-годишната Лени, веќе почна да оди по стапките на мајка си, но покрај модните ангажмани, таа привлече внимание и со нејзината искреност. Младата девојка објави фотка на Инстаграм, со која покажа како изгледа нејзиното лице без шминка. Како многу девојчиња на нејзина возраст, и Лени има проблеми со акни, но воопшто не ѝ е грижа за тоа.
„Мојата кожа на лош ден“, пишува во описот на објавата.
Потоа Лени објави и Инстаграм Стори на кое повторно ја покажува проблематичната кожа на лицето, со опис:
„Лоша кожа. И ова ќе помине“.
Речиси и да нема негативен коментар на нејзината објава. Многу девојки и момчиња кои се во иста положба ѝ се заблагодаруваат што ги нормализира акните и што им ја враќа самодовербата.
„Ти благодарам што си реална“, „Навистина е одлично што ја покажуваш реалноста“ и „Да! Ајде да го нормализираме ова“ се само дел од коментарите.
Покрај срцата на фановите, Лени го освојува и модниот свет, па неодамна се појави на својата прва ревија, на Модната недела во Берлин.
Лени ја отвори ревијата на 20-ти јануари, а поради пандемијата, настанот не се одржуваше во живо и се емитуваа претходно снимени видеа.
Лени објави видео на кое се гледа како се одвивало снимањето, како и две фотки од ревијата, со опис:
„Мојата прва работа за Модната недела во Берлин“.
Наследничката на Хајди Клум го доживеа своето модно деби во декември, кога позираше за насловната на јануарското издание на германскиот Vogue, заедно со нејзината мајка.
Спирова С. | Црнобело