„Сите ме исмеваа и малтретираа“: 26 годишната Селин комплетно си го променила изгледот

Селин Сентино (26) од Швајцарија, потрошила цело богатство на пластични операции за целосно да си го промени ликот. Оваа млада девојка била жртва на повеќегодишен булинг во тинејџерските години кога нејзините врсници ја исмевале и нарекувале грда.  

zrtva-na-buling-26-godisnata-celine-kompletno-si-go-promenila-izgledot-01.jpg

Селин некогаш била ужасно несреќна заради својот изглед и секојдневно се соочувала со коментари од типот „многу си грда“, „на човек да му се згади кога ќе те види“.

site-me-ismevaa-na-uciliste-26-godisnata-celine-kompletno-si-go-promenila-izgledot-03.jpg

Таа раскажува дека честопати глумела дека е болна за да не мора да оди на училиште и да се соочува со врсниците кои ја вреѓале.

„Секој ден ме малтретираа. Ми велеа дека личам на машко затоа што немав гради или дека задникот ми е преголем. Дека лицето ми е грдо како ѓубре, стилот за никаде. Ништо на мене не им беше како што треба. Никогаш не ми дадоа прилика им покажам дека не сум лош човек.“

site-me-ismevaa-na-uciliste-26-godisnata-celine-kompletno-si-go-promenila-izgledot-04.jpg

Сето ова ја навело да штеди пари за пластични операции кои таа тврди дека ѝ помогнале да се чувствува добро во своја кожа денес.

За четири години ги оперирала градите трипати, и носот, ги наполнила со филери и образите, брадата и усните.

„Отсекогаш сакав да имам големи гради. Да водам нормален живот без осудување и критики. Заштедив многу пари додека бев млада. Воопшто не сакав да излегувам и да се дружам пред да наполнам 18 години. Сега сум полна самодоверба и се чувствувам одлично. Повеќе никој не може да ме навреди и повреди“ – раскажува 26 годишната девојка.

site-me-ismevaa-na-uciliste-26-godisnata-celine-kompletno-si-go-promenila-izgledot05.jpg

„Отсекогаш бев весела личност, но никогаш не се чувствував добро во своето тело. Бев и депресивна. Сакав да променам нешто кај себе и затоа го коригирав она што не ми се допаѓаше во мојот изглед. Живееме во време кога можеме да го промениме она што ни пречи и јас ја искористив оваа шанса“.

Таа денес е вистинска ѕвезда на социјалните медиуми. Нејзиниот провокативен Инстаграм профил го следат повеќе од 300.000 следбеници. Таа вели дека добива различни реакции:

„Некои ми велат дека изгледам одлично, некои дека сум премногу пластична. Но, секако, имам повеќе позитивни отколку негативни коментари. Немам веќе трауми од детството.

Кога денес ги среќавам оние кои ме малтретираа во училишните клупи само ги игнорирам. Тие никогаш не ми дадоа шанса, затоа не го ни заслужуваат моето внимание и време“ – изјавила Селин за Daily Mail.

Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg