Му ги продале личните предмети од младоста - Бурната врска на Коби Брајант со неговите родители
- Детали
- четврток, 14 јануари 2021
Ја мразеле Ванеса, пробале да ги продадат неговите лични работи, биле алчни за пари... изгледа дека Коби Брајант бил соочен со безброј проблеми во неговиот живот, само поради неговите родители.
Коби Брајант е најпознатиот и најценетиот кошаркар на денешницата, а за него знаат и оние кои немаат никаков интерес за спортот. Неговата трагична смрт беше еден од најтажните моменти во бурната 2020-та и зад себе кошаркарот остави огромно наследство.
Коби беше познат и по неговата добрина и неговата дарежливост, но во приватниот живот, и тој се соочувал со секакви проблеми, особено со родителите. Коби имал комплицирана врска со неговите родители, но барем успеал да го подобри односот со нив пред неговата смрт.
Во продолжение погледнете неколку факти за бурната врска на Коби со неговите мајка и татко:
Го наследил талентот за кошарка од татко му
Таткото на Коби Брајант, Џо, бил професионален кошаркар, исто како и неговиот чичко Џон Кокс. Па, веројатно неговото семејство не било изненадено што и тогаш малиот Коби се вљубил во кошарката.
Најпрво Коби и неговите родители живееле во САД, но татко му добил можност да игра во Италија, па се преселиле таму. Овде кошаркарот го научил италијанскиот јазик и почнал посериозно да се занимава со кошарка.
На 13-годишна возраст Коби и неговите родители се вратиле во САД, кошаркарот почнал да игра за поголеми тимови и останатото е историја.
Неговите родители имале финансиски проблеми
Штом Коби почнал да се прославува и да заработува многу пари, тој бил особено дарежлив кон родителите кои тој период имале финансиски проблеми. Но, веројатно погрешил со оваа одлука, бидејќи кратко по неговиот последен натпревар, кошаркарот изјави дека не треба да се мешаат семејството и бизнисот, најмногу поради гневот, одбивноста и љубомората што се појавуваат.
Многумина сметаат дека оваа изјава се однесува на инцидент од 2013-та – неговите родители се обидоа да продадат лични работи на Коби, како униформата што ја носел во средно, без воопшто да побараат дозвола или барем да се консултираат со него. Коби бил толку гневен, што поднесе и тужба за да ја спречи продажбата.
Неговите родители биле против врската со Ванеса
Малку се знае за односот на Коби и неговите родители пред тој да стане славен, но се верува дека нештата не биле така лоши. Наводно, тие почнале да го заладуваат односот кога Коби решил да ја побара Ванеса за жена. Тогаш Коби имаше 21 година, а Ванеса беше 17-годишна девојка која се обидуваше да се прослави.
Според некои извори, родителите негодувале за одлуката на Коби бидејќи сметале дека е премногу млад и треба да се фокусира на кариерата. Но, некои извори тврдат дека неговите родители ја мразеле Ванеса бидејќи не е Афроамериканка, туку има латинско потекло. Сепак, тоа се непотврдени гласини.
Коби сепак се венчаше со Ванеса, но ниту неговите родители, ниту неговите постари сестри не присуствуваа на венчавката. Поради ова, Коби се оддалечи од нив и после ова не зборуваа цели две години, сè до раѓањето на првото дете на Ванеса и кошаркарот.
Коби самиот изјавуваше дека имал ужасен однос со родителите
Иако настанало некакво примирје во 2003-та, кога Коби стана татко, односот со родителите не бил како во минатото. Покрај родителите, Коби имал проблеми и со двете негови сестри кои биле финансиски зависни од него. Со текот на времето, кошаркарот одлучил да престане да ги издржува, за да почнат сами да се грижат за себе.
Нештата станаа уште полоши кога се случи инцидентот во 2013-та, кога неговите родители почнаа да ги продаваат личните работи на кошаркарот.
„Нашиот однос беше ужасен. Им реков ’Ќе ви купам многу убав дом‘, а нивниот одговор беше ’Тоа не е доволно‘. А, после тоа се обидуваат да ги продадат моите работи?!“
Наводно, Коби не прозборел со родителите три години после овој настан.
Родителите го испуштија неговиот последен натпревар
Кога Коби се пензионираше во 2016-та, а неговите родители не присуствуваа ниту на последниот натпревар од неговата кариера, ниту на церемонијата за неговото пензионирање.
На церемонијата кошаркарот одржа говор во кој им се заблагодари на колегите од НБА и неговата сопруга, но воопшто не ги спомна родителите.
Коби и татко му го подобрија односот пред смртта на кошаркарот
Неколку години после пензионирањето, Коби уште се држеше понастрана од родителите, но не дозволил ова да влијае врз нивниот однос со неговите деца.
По трагичната смрт на кошаркарот, еден од пријателите на неговиот татко даде интервју за Daily Mail, во кое нагласи дека Џиџи, ќерката на Коби, е многу блиска со нејзиниот дедо, односно таткото на Коби.
Според него, кратко пред смррта на Коби, тој и татко му биле заедно на кошаркарски камп и изгледало како да се во добри односи.
„Само се сеќавам дека видов како го прегрнува татко му. Од нивните погледи и нивните насмевки беше очигледно дека се сакаат. Сите имаат семејни проблеми и несогласувања. Односот со семејството може да се подобри, но во овој случај ќе биде тешко, бидејќи Коби веќе не е овде“, изјави пријателот во интервјуто.
Спирова С. | Црнобело