„Хурем“ роди здраво девојче, го откри и името, а малата убавица е веќе на Инстаграм (фото)
- Детали
- понеделник, 11 јануари 2021
37-годишната Мерием Узерли, која ни е позната по улогата на Хурем, по вторпат стана мајка. Актерката го претстави новиот, најмал член на своето семејство.
„Вчера, 8 јануари 2021 година, моја најмила. Тато и јас сме пресреќни што пристигна во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи. Биди секогаш и бесконечно заштитена“.
Убавата Мерием Узерли ја објави веста за раѓањето на својата втора ќеркичка со емотивна порака на Инстаграм. Мерием веќе ја има 6-годишната Лара од љубовната врска со Кан Атеш, а сегашниот партнер го крие од љубопитните очи на јавноста.
Познатата актерка во соопштението го откри и името на нејзината новородена ќеркичка – Лили Кои.
Само неколку денови пред Новата година, убавата актерка објави фотки од трудничката фотосесија. Таа воедно додаде:
„Лара долго сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари. И јас сум среќна затоа што основам свое семејство“.
(О)Милена | Црнобело