Џеј Ло како Дизни принцеза на Тајмс Сквер, но смрзната и со јакна наопаку (фото)
- Детали
- четврток, 31 декември 2020
Во синиот фустан од тул Џенифер Лопез е поим за гламур и романтика, но совршената принцеза смрзна за време на снимањето во Њујорк. Како изгледа нејзиниот „работен ден“?
Џенифер Лопез изгледа неверојатно на снимањето на Тајмс Сквер во Њујорк по повод изведбата во телевизиската програма Dick Clark’s New Year’s Rockin‘ Eve за новогодишната ноќ.
51-годишната пејачка е како Дизни принцеза во синиот фустан од Balmain со многу слоеви од тул и сребрени детали.
Но, среде гламурот и романтичните вибрации таа всушност смрзна чекајќи снимањето да се изорганизира, па на моменти носеше ракавици и јакна облечена наопаку за да се загрее.
Фотките од Инстаграм:
Фотките од снимањето:
С. С. | Црнобело