Џеј Ло повторно со чантата од крокодилска кожа - се подготвува за новогодишниот настап + видео од пробите
- Детали
- среда, 30 декември 2020
Џеј Ло уште еднаш беше „уловена“ со чантата од крокодилска кожа за која беше критикувана, додека оди на проба за настапот на ногодишна ноќ, а набрзо потоа ги израдува фановите и со видео од подготовките.
Џеј Ло се подготвува за нејзиниот настап на новогодишната ноќ, а само неколку денови пред Нова година, папараците ја „уловија“ како оди на проба.
51-годишната ѕвезда беше облечена во бело од глава до пети, а комбинацијата ја дополнила со чанта од крокодилска кожа од брендот Hermes, поради која веќе беше мета на критики од страна на активистите за заштита на животните.
За новогодишната ноќ пејачката ќе настапува како дел од телевизиската програма Dick Clark’s New Year’s Rockin‘ Eve, која се емитува во живо секоја година во САД. Како дел од програмата е вклучен и пренос во живо од Тајмс Сквер во Њујорк, каде секоја година настапуваат и неколку артисти. Годинава публиката од дома ќе ја забавува Џеј Ло.
Пејачката навистина работи напорно за настапот да биде совршен, а деновиве сподели и видео од нејзините проби. Во видеото се гледаат неколку инсерти од пробите и можеме да ја видиме Џеј Ло на сцената по тренерки, како се забавува со еден од гитаристите, а на кратко се појавува и нејзиниот партнер – Алекс Родригез.
„Голема најава: Ќе ја изведам In the Morning за првпат на New Year‘ Rockin‘ Eve! Сè започнува со проби. Кои песни би сакале да ги додадам на листата?“, пишува во описот на објавата.
Во видеото внимание привлекува и микрофонот на Џеј Ло кој е украсен со кристали.
Спирова С. | Црнобело