Џеј Ло оди на вежбање со чанта од крокодилска кожа од 82.000 евра
- Детали
- понеделник, 14 декември 2020
Спортски облечена, но со гламурозна чанта Џеј Ло се труди да му помогне на свршеникот во промоција на бизнисот. Но, дали ваква чанта, особено што е направена од вистинска кожа, е вистински избор на моден додаток? Очигледно повторно ќе ги разлути активистите за заштита на правата на животните.
Џеј Ло со свршеникот Алекс Родригез пристигна со приватен џет во Мајами. Таму Родригез отвори теретана, а Џеј Ло во спортски стајлинг во боја на вишна отиде да повежба.
Она што не остана незабележано е тоа што за оваа пригода 51-годишната поп дива носеше Hermes чанта направена од крокодилска кожа со цена од околу 82.000 евра.
На себе имаше и светкава маска за заштита и таков термос.
Инаку, неодамна Џеј Ло лансираше козметичка линија и изјави дека никогаш досега не ставала ботокс и дека го сака природниот пристап кон кожата.
Кога Џеј Ло оди во теретана:
С. С. | Црнобело