„Зарем мораме да го направиме тоа?“ – Џеј Ло и Алекс се двоумат дали воопшто да се венчаат

Џеј Ло и нејзиниот вереник Алекс Родригез се подготвуваа да направат венчавка, но пандемијата им ги промени плановите. Сега, пак, Џеј Ло откри дека размислуваат воопшто да не се венчаат.

zarem-morame-da-go-napravime-toa-dzhej-lo-i-aleks-se-dvoumat-dali-voopshto-da-se-venchaat01.jpg

Неодамна Џеј Ло сподели дека со Алекс сериозно размислувале за тоа дали воопшто дa се венчаат, откако ја откажаа свадбата во Италија поради пандемијата. 51-годишната пејачка зборуваше за ова на едно интервју, и како пример ги посочи Курт Расел и Голди Хоун – тие се заедно уште од 1983-та, но никогаш не се венчале.

zarem-morame-da-go-napravime-toa-dzhej-lo-i-aleks-se-dvoumat-dali-voopshto-da-se-venchaat-02.jpg

„Зборувавме за ова. На наша возраст, и двајцата сме биле во брак, па размислуваме дали да се венчаме. Дали да не се венчаме? Колку ќе ни значи венчавката?“

zarem-morame-da-go-napravime-toa-dzhej-lo-i-aleks-se-dvoumat-dali-voopshto-da-se-venchaat-03.jpg

Потоа пејачка сподели и детали за венчавката која веќе требаше да се случи:

„Дефинитивно не се брзаме. Навистина е тажно бидејќи требаше да се венчаваме во јули и испланиравме сè. Во март и април ја следевме ситуацијата и помисливме: 'Можеби венчавката нема да се случи'. Состојбата во Италија беше најлоша, а ние требаше да се венчаме во Италија. Тогаш реков: ’Во ред, ќе откажеме сè‘.

Откажавме и рековме ќе пробаме да се организираме подоцна годинава. Но кога помина некое време, сфатив дека уште е рано. Бевме малку разочарани. А потоа си помислив дека нештата се случуваат кога ќе дојде време за тоа.

Но, се сетив на Голди и Курт, па почнавме да мислиме дали воопшто мора да се венчаме. Ова нè натера да застанеме и добро да размислиме. Сметам дека венчавката уште ни е важна, но не се брзаме. Знаете, ќе се случи кога ќе се случи“.

zarem-morame-da-go-napravime-toa-dzhej-lo-i-aleks-se-dvoumat-dali-voopshto-da-se-venchaat-04.jpg

Џеј Ло и Алекс се заедно од февруари 2017-та, а соопштија дека се вериле во март минатата година. Пејачката има две деца со поранешниот сопруг Марк Ентони, додека Алекс има две деца од претходниот брак.

zarem-morame-da-go-napravime-toa-dzhej-lo-i-aleks-se-dvoumat-dali-voopshto-da-se-venchaat-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Бен Афлек со нов имиџ и офарбана брада, Џеј Ло прави пауза од мажи: „Смачено ѝ е од разводи“ Додека Бен Афлек се подмладува со офарбана брада, Џеј Ло одлучила да направи пау...
Објавени фотки на кои Џеј Ло се расправа со Диди ноќта кога силувал 13-годишно девојче + како изреаг... Во јавност се појавија фотки од забава од 2000-та кога Пи Диди наводно силувал 1...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg