Аријана Гранде се вери со момчето Далтон Гомез – Што знаеме за нејзиниот нов вереник?
- Детали
- понеделник, 21 декември 2020
27-годишната Аријана Гранде и 25-годишниот Далтон Гомез се заедно речиси цела година, а сега, со фотографија од дијамантскиот прстен, пејачката сподели дека се вериле. Ова е втора свршувачка за Аријана, а претходната со Пит Дејвидсон ја прекина по само 5 месеци.
27-годишната пејачка објави фотографија со која ги сподели новостите дека се верила. На нејзиниот Инстаграм профил, Аријана го покажа дијамантскиот прстен со кој ја запросил Далтон Гомез, со кого е во врска речиси цела година.
Покрај двете фотки со прстенот, младата пејачка сподели и неколку фотографии со Далтон.
Дијамантскиот прстен е украсен и со бисер, за кој многу фанови веруваат дека е истиот кој таа претходно го добила од баба ѝ. Пред неколку години, Аријана објави твит со кој сподели дека добила бисер од нејзината баба:
„Баба ми даде прстен со бисер од дедо. Ми рече дека ѝ се појавил во сон и ѝ рекол дека ќе ме заштити“.
Сепак, пејачката нема потврдено дали вереничкиот прстен е украсен со истиот бисер, а ова се само гласини.
Мајката на Аријана, Џоан, веднаш се пофали за новоста и се чини дека е навистина среќна:
„Возбудена сум што Далтон Гомез ќе стане дел од нашето семејство. Аријана, многу ве сакам и тебе и Далтон!“
Првите гласини за врската на Аријана и Далтон се појавија во јануари годинава, а според изворите, тие се навистина среќни.
„Не можат да бидат посреќни и многу се возбудени. Ова е среќен период за нив, а нивните родители многу се радуваат“.
Аријана и Далтон добија бројни честитки од славните – Хејли Бибер, Ким Кардашијан, Деми Ловато и уште многу други им честитаа на објавата на Инстаграм.
Парот првпат се појави заедно во мај, во спотот на Аријана за Stuck With U, а извори блиски до пејачката велат дека таа не сакала да споделува многу детали за врската, бидејќи ова претставувало проблем со бившите момчиња.
Во 2018-та, после само пет месеци од свршувачката, Аријана се раздели со Пит Дејвидсон, а Далтон ѝ е првото сериозно момче оттогаш.
Претходно, Аријана две години беше во врска со Мак Милер, но односот само им се влошувал, па морале да се разделат. Мак Милер трагично го изгуби животот во 2018-та и наводно, тоа имало влијание врз врската со Пит Дејвидсон, па тој и Аријана се разделија истиот период.
На младата пејачка конечно ѝ се насмевнала среќата во љубовта, но кој е всушност Далтон Гомез?
1. Гомез е роден во Јужна Калифорнија и детството го поминал таму со родителите. Подоцна се преселил во Лос Анџелес.
2. Младото момче е агент за недвижнини и продава луксузни имоти. Според веб-сајтот на компанијата за којашто работи, тој има продавано куќи во најлуксузните соседства во Холивуд, и тоа по цена од 12,5 милиони долари.
3. Неговиот шеф ѝ помогнал на Аријана да си ја купи куќата. Во јуни годинава, Аарон Кирман, шефот на Далтон, ѝ ја покажал на Аријана куќата во Hollywood Hills, која таа веднаш ја купила по цена од 13,7 милиони.
4. Според изворите, Аријана и Далтон се запознале додека таа разгледувала куќи. Пред пандемијата, пејачката сакала да купи викендичка, па добила предлог да побара помош од Далтон.
„Кога го виде, веднаш помисли дека е сладок и многу згоден, па му рече на нејзиниот тим да им организираат средба на само. Аријана се вљуби во него кратко откако се запознаа“, споделил изворот со светските медиуми.
5. Иако Далтон не е ѕвезда, тој и Аријана имаат многу заеднички славни пријатели. Според објавите на социјалните мрежи, Далтон се дружи со Мајли Сајрус, Џастин и Хејли Бибер, како и јутуберот Џејмс Чарлс. Според извор близок до пејачката, Аријана и Далтон имаат многу заеднички пријатели и „се движат во исти кругови“.
6. Можеби не успеал да направи кариера, но според изворите, одреден период Далтон бил танчар. Не е познато зошто се откажал од оваа кариера и што го натерало да стане агент за недвижности.
7. Исто како неговата сакана, и Далтон е љубител на кучиња. Ова сигурно ѝ е важно на Аријана бидејќи таа чува неколку миленици.
Спирова С. | Црнобело