Том Круз (58) си фати 20 години помлада девојка - прва сериозна љубов по разводот со Кејти Холмс од 2012?
- Детали
- петок, 18 декември 2020
Убавата 38-годишна Хејли Атвел е ко-ѕвезда на Том Круз на снимањето на филмот Mission: Impossible 7. Изгледа скандалозната поврзаност со скиентолошката црква на Том не ѝ пречи на Хејли...
Том Круз (58) наводно се состанува со aктерката Хејли Атвел (38), со која се зближиле на сетот на филмот Mission: Impossible 7.
Тие станале неразделни уште од првиот ден на снимањето, тврдат извори блиски до актерите.
Веста за нивната врска излезе во светските медиуми, кратко откако протече информација дека Том Круз се дерел и пцуел по вработените на сетот, па 5 луѓе си дале отказ поради него. Тој наводно бил лут затоа што го кршеле протоколот околу короната.
Том не бил поврзуван романтично со никого од неговиот развод со Кејти Холмс во 2012 година, а пак Хејли се разделила од својот партнер на почетокот од 2020.
За љубовниот живот на Том по разводот не се знае многу, освен некои гласини од минатата година кога го поврзуваа со Елизабет Мос, актерка и член на скиентолошката црква, исто како Том.
Ова е прва најава на голема врата за нова љубов на Том.
„Пандемијата и карантините ги зближија многу и тие станаа речиси нераздвојни. Се сложуваат брилијантно и двајцата изгледаат многу среќно“, тврди извор близок до парот.
Том и Хејли досега снимаа сцени за филмот Mission: Impossible 7 во Рим, Венеција, Велика Британија и Норвешка.
Фотки од Хејли Атвел: