Младоженецот сега излегол од затвор, правеле свадба во пандемија – сестрата на Зејн Малик среде скандал
- Детали
- вторник, 15 декември 2020
Една од сестрите на пејачот Зејн Малик решила да направи свадба среде пандемија, со момчето кое до неодамна било во затвор, на која не присуствувале ниту пејачот како нејзин брат, ниту нивниот татко. На крај, свадбата била „растурена“ од полиција.
Сестрата на Зејн Малик, Валија, решила да прави свадба со 40-тина гости среде пандемија, а прославата била прекината откако интервенирала полицијата.
Венчавката се одржувала во Бредфорд, во домот на нивната постара сестра Сафа, а моментално во тој град има забрана за одржување свадби поради пандемијата, а забранет е каков било собир со повеќе од 15 луѓе.
22-годишната Валија се венчала со поранешен затвореник, 24-годишниот Џунаид Кан, а полицијата пристигнала откако соседите се пожалиле. Според изворите:
„Полицијата пристигна во куќата околу 6 часот попладне во сабота, откако добија поплака за огромна забава. Внатре беа казнети неколку луѓе поради прекршување на мерките поради пандемијата“.
Таткото на Зејн и неговите сестри наводно живеат само на 100-тина метри од домот на Сафа, но според изворите, тој не присуствувал на венчавката. Причината била криминалното минато на младоженецот.
Ниту 27-годишниот пејач не бил присутен, но неговата девојка Џиџи Хадид ѝ напишала коментар на Валија дека ѝ било жал што не може да присуствува.
Според гласините, никој од семејството на Зејн не бил среќен за овој брак.
„Никој не сака што таа се венча со него. Тој е криминалец и ова не е нешто од минатото – тој само што излезе од затвор“, велат извори блиски до семејството.
Во 2017 година, Кан бил осуден на пет години затвор после инцидент со кражба на автомобил, а веројатно бил пуштен порано. Претходно, во 2014, тој бил осуден на 15 месеци во поправна установа за млади лица, бидејќи бил дел од семеен конфликт каде што еден човек бил прободен.
Наводно, мајката на Зејн помогнала во организирањето на венчавката, а татко им воопшто не сакал да учествува.
Валија живее во Велика Британија и веќе е ѕвезда на социјалните мрежи – на Instagram има над 700.000 следбеници. Таа пораснала во Бредфорд, а откако завршила средно, некој период сакала да биде негувателка на деца. Сепак, на крај отворила салон за убавина, а има и своја линија продукти за убавина.
Не е познато од кога Валија е во врска со Кан и иако нејзините блиски негодуваат, таа изгледа е задоволна од својот избор. Таа сподели и неколку фотографии од семејните собири што ги одржувале во меѓувреме, со опис:
„Најдобрите денови со најдобрите луѓе. Искрено мислам дека не можеше да имаме поубав ден. Уште не ми се верува дека и официјално сме венчани“.
https://www.instagram.com/p/CIrsPxanfNx/
Спирова С. | Црнобело