„Не се грижев за себе“ – Џорџ Клуни завршил во болница откако ослабе 11 килограми за улога
- Детали
- четврток, 10 декември 2020
Откако ослабе 11 килограми поради улогата во неговиот нов филмски проект, 59-годишниот Џорџ Клуни завршил во болница.
Џорџ Клуни откри дека поради улогата во The Midnight Sky морал да ослабе 11 килограми, а поради тоа завршил во болница. Актерот е и режисер на научно-фантастичната драма, чија премиера на Netflix е закажана за 23 декември.
„Мислам дека се обидував да изгубам многу тежина за кратко време и веројатно не се грижев за мене. Ми беа потребни неколку недели да се подобрам, а бидејќи сум и режисер не беше лесно, бидејќи треба енергија.
Снимавме на глечер во Финска, и поради ова беше уште потешко. Но, тоа дефинитивно ми помогна за мојот лик. Ова е најголемото нешто што сум го направил досега и беше навистина забавно“, изјави актерот за светските медиуми.
Откако бил однесен во болница само четири дена пред да почне снимањето, актерот добил дијагноза за панкреатитис. За среќа, Клуни бил пуштен дома за неколку денови.
За потребите на филмот, актерот навистина драстично го променил изгледот:
„Пуштив голема и грда брада, а син ми ја сака бидејќи може да си крие работи во неа. Но, ќерка ми и сопругата беа среќни кога ја избричив бидејќи конечно можат да ми го видат лицето“, сподели актерот на шега.
Џорџ и сопругата Амал Клуни имаат две деца, 3-годишните близнаци Александар и Ела. Според актерот, тие пандемијата ја поминале во Лос Анџелес.
„Немаме мрднато од февруари. Многу е полесно во Лос Анџелес бидејќи нема дожд и снег, па полесно е да шеташ по улиците“.
Спирова С. | Црнобело