„Прв роденден без тато“ - 4-годишната ќерка на Коби Брајант го прослави роденденот
- Детали
- недела, 06 декември 2020
„Среќен 4-ти роденден Бјанка. Те сакаме тооолку многу. Ти носиш сонце во нашите денови. Господ да те благослови наше девојче. Те сакаат мама, тато, Нани, Џиџи и Коко“, напиша 38-годишната Ванеса.
Ванеса Брајант направи сѐ што е во нејзина моќ за нејзината ќерка Бјанка на прославата по повод нејзиниот 4-ти роденден да не почувствува празнина.
Таа ја опсипува со љубов и се труди да ѝ надомести што покрај неа за роденденот за жал не се нејзиниот татко Коби Брајант и сестра ѝ Џиана.
„Среќен 4-ти роденден Бјанка. Те сакаме тооолку многу. Ти носиш сонце во нашите денови. Господ да те благослови наше девојче. Те сакаат мама, тато, Нани, Џиџи и Коко“, напиша 38-годишната Ванеса на својот приватен Инстаграм профил, а на една од фотографиите со Бјанка напиша: „Близначка на тато“.
Фото: Инстаграм Ванеса Брајант
Фото: Инстаграм Ванеса Брајант
Фото: Инстаграм Ванеса Брајант
Фото: Инстаграм Ванеса Брајант
Ванеса го славеше роденденот на Бјанка со 17-годишната ќерка Наталија и бебето Капри, на кое му го прославија првиот роденден во текот на летото и неколку блиски пријатели.
На прославата присуствуваше и пејачката Сијара која ѝ е најголема поддршка на Ванеса по смртта на Коби Брајант и Џиана. Таа и Наталија Брајант објавија фотки на Инстаграм од роденденската прослава.
Фотки од роденденот на 4-годишната Бјанка:
https://www.instagram.com/p/CIcZnhGBNdu/
https://www.instagram.com/p/CIcdnjNBJoS/
С. С. | Црнобело