Се вљубила во него на 18 години, а сега Меган Фокс официјално поднесе документи за развод од сопругот, по втор пат во животот
- Детали
- четврток, 26 ноември 2020
Таа поднела документи за развод и во 2015 година, но забременила по третиот син, па се премислила, но сега повторно започна постапка, изгледа Машин Ган Кели навистина ѝ го освои срцето.
Меган Фокс официјално поднесе барање за развод од Брајан Остин Грин, 6 месеци откако тој емотивно објави дека се разделуваат.
34-годишната актерка вакво барање поднесе и во 2015 година, но потоа се смирија и го повлече. Но, сега таа одлучи засекогаш да се раздели од 47-годишниот актер.
Меган за првпат се појави на црвениот тепих на Американските музички награди (AMA) со нејзиното ново момче Машин Ган Кели, со кого всушност призна дека го изневерила сопругот.
Американските медиуми тврдат дека и нејзината тетоважа „el pistolero“ (the gunman) наводно му е посветена на Машин Ган Кели.
Инаку, Меган и Брајан беа во брак од 2010 година и имаат 3 сина.
Таа првпат поднесе барање за развод во 2015 година, но потоа забремени со нивниот трет син и потоа ги повлече документите.
Но, пред карантините поради пандемијата Меган и Машин Ган Кели беа ко-ѕвезди на снимањето на филмот „Midnight In The Switchgrass“ во Порторико, каде изгледа се родила страст затоа што потоа извори тврдеа дека Меган во изолација отишла не со сопругот, туку со Машин Ган Кели.
Кратко по овие случувања Брајан емотивно објави дека Меган го напуштила.
Тој исто така во една емисија откри дека дознал за односот на Меган и Машин Ган Кели на некој „свој начин“.
Инаку, Меган на само 18 години го запознала тогаш 30-годишниот Брајан на снимањето на ТВ шоуто „Hope & Glory“ и многу ѝ се допаднал, па си велела дека мора да биде со него без разлика на возраста.
С. С. | Црнобело