Елегантната Меланија Трамп ја пречека елката во Белата куќа за последен пат како прва дама на САД (фото)
- Детали
- вторник, 24 ноември 2020
Иако веројатно наскоро ќе треба да ја напушти Белата куќа, Меланија Трамп ја продолжи традицијата - и годинава ја пречека новогодишната елка, а украсувањето на Белата куќа, по сите предвидувања изгледа ќе биде нејзината последна должност како прва дама на САД.
Елката, која е висока скоро шест метри, пристигна со кочија, а ќе биде сместена во таканаречената Сина соба од Белата куќа. Наскоро Меланија треба да открие и како ќе ја украси Белата куќа, и тоа најверојатно за последен пат од мандатот на нејзиниот сопруг.
За настанот Меланија одбрала капут со црно-бел дезен, црни кожени ракавици и црни чизми. Во комбинацијата како и секогаш, таа зрачи со елеганција.
Во целава ситуација најинтересно е што неодамна, поранешна пријателка и вработена на Меланија објави аудио снимка на која првата дама зборува за украсувањето на Белата куќа, притоа изјавувајќи „На кој му е грижа за сите тие божиќни работи“, па никој не може да ѝ го заборави ова додека таа среќна ја пречекува елката.
Прочитајте и Се планира 1 година и се кити 5 дена: 8 факти за новогодишната елка во Белата куќа
Божиќното украсување на Белата куќа ќе биде последната официјална должност на Меланија како прва дама, со оглед на тоа што медиумските куќи во САД се согласни дека победата на изборите е на Бајден, иако Трамп уште не се откажува од тоа дека е направена измама.
Фотки од Меланија додека ја пречекува елката во Белата куќа:
Спирова С. | Црнобело