Се планира 1 година и се кити 5 дена: 8 факти за новогодишната елка во Белата куќа
Пред неколку дена, претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама, ја пречекаа новогодишната елка во Белата куќа.
Секоја година, традиционално, елката пристига со кочија во празнична атмосфера и официјално китењето може да започне.
Години наназад, за новогодишната елка во Белата куќа е задолжена првата дама, а тоа не е воопшто лесна работа.
Подготовките за декорациите почнуваат дури и до година дена порано, а се прават детални планови.
Елката во Белата куќа не е само обична елка како во секој дом, а во продолжение прочитајте неколку факти поврзани со неа:
Првата дама ја бира темата која секоја година е различна
Традицијата за бирање новогодишни декорации ја започнала Џеки Кенеди во 1961-ва, а секоја година се бира различна тема и стил на декорирање во Белата куќа.
Потребна е 1 година за планирање и 5 дена за извршување
Верувале или не, за планирање на декорациите во Белата куќа е потребна цела една година, бидејќи процесот бара многу планирање со скици, различни палети од бои, дизајни, елементи и мотиви за просторот во собите во Белата куќа.
Потребни се голем број волонтери
Преку 100 волонтери помагаат да се сортира, реди и закачуваат новогодишни декорации и лампиони.
Тие доаѓаат од различни места за да ја искористат можноста да помогнат, а се бираат само оние кои испратиле писма полни со страст и желба за работа.
За декорирање на елката се потребни 25 луѓе
Елката во Сината соба најчесто има посебна тема која се поврзува со целосната тема на Белата куќа.
Со оглед на големината на елката, постојат посебни проекти со планови посебно само за оваа соба, декорации од посебни материјали, а на неа се закачуваат и честитки кои стигаат од цела земја покрај лампионите, па ангажирани се 25 луѓе кои ќе ги редат.
Дрвото може да биде преголемо
Иако цел тим ја бира елката за во Белата куќа која ќе биде совршена, сепак еднаш се случило дрвото да биде преголемо.
12 луѓе морале да ја носат елката низ целата куќа за да може да стигне до Сината соба, а притоа неколку врати морале да бидат тргнати, како и многу други елементи во околината за да се прилагоди просторот за елката.
Се користат повеќе од 3.500 декорации
За време на божиќната сезона, се користат преку 3.500 орнаменти за декорирање на различни елки низ Белата куќа.
Орнаментите соодветствуваат на годишната тема, регионални симболи и слично.
М. М. | Црнобело