Хејли Бибер прозборе за гласините дека Џастин бил со Селена кога ја почнале врската + нови фотки од неа
- Детали
- четврток, 19 ноември 2020
Хејли Бибер беше забележана во Лос Анџелес без Џастин, откако прозборе за гласините дека ја почнале врската додека пејачот уште беше со Селена Гомез.
23-годишната Хејли беше забележана на соло прошетка, откако за првпат прозборе за гласините во врска со Џастин и Селена во периодов кога таа ја почна врската со него.
Супермоделот носеше широки тренерки и блузон со необичен дезен, а комбинацијата ја дополнила со мала чанта што ја добила како подарок од Prada и секако, со маска.
Претходно неделава, Хејли гостуваше на поткастот на Ешли Греам, каде што прозборе за бракот со Џастин, вклучувајќи ги и гласините дека тие ја почнале врската додека тој уште беше со Селена Гомез.
26-годишниот пејач беше забележан со Селена само неколку месеци пред да ја побара раката на Хејли. Поради ова, многу фанови сметаа дека Хејли и Џастин имале афера додека тој уште беше во врска со Гомез. Сепак, Хејли тврди дека ова не е точно.
„Спротивно на она што го мислат повеќето, Џастин беше сингл некое време, а и јас бев сингл, па и двајцата само се обидувавме да сфатиме што треба да правиме“, кажа Хејли во поткастот.
Џастин и Селена раскинуваа и се смируваа неколкупати, а последен пат ја обновија врската во 2017 година.
„Имаа многу несогласувања периодов и поради една голема караница одлучија да раскинат. Сепак, постојано се во контакт и нивните чувства уште се тука. Дефинитивно ќе се смират и ова не е крај за нив, само и на двајцата им треба време насамо“, изјави тогаш извор близок до Селена и Џастин.
Но, во мај следната година почна да се зборува дека повторно се разделиле, откако Џастин беше забележан со моделот Баскин Чемпион.
Хејли, пак, почнаа да ја поврзуваат со Шон Мендез. Овие гласини не траеја долго бидејќи само еден месец подоцна, младиот пејач почна да споделува фотографии од него и Хејли, а не помина долго пред младиот пар да ги соопшти новостите за свршувачката.
Тогаш Селена не кажа ништо, но во песната Lose You to Love Me има стих за кои сите се убедени дека се однесува на Џастин:
„За два месеци нè замени како тоа да е многу лесно“.
Фановите сметаа дека Џастин и Хејли избрзале со одлуката, но тие двајцата се познаваат уште од тинејџерските години. Во поткастот и Хејли изјави дека нештата навистина се одвивале брзо, но тие не направиле ништо непромислено:
„Луѓето не знаат дека ние разговаравме долго пред да одлучиме да направиме нешто. Сепак, сè се случуваше многу брзо мислам дека сите го знаат тоа. Сите околу мене изненадено ме прашуваа ’Еј, зарем се венчавте?‘“
Во септември Хејли и Џастин ја прославија втората годишнина од венчавката, а и покрај тоа што сите беа убедени дека брзаат со одлуката, тие изгледаат навистина среќно.
Спирова С. | Црнобело