Роналдо „уловен“ во хотелска соба во Сплит и на средба со Модриќ + што прави Џорџина во меѓувреме (фото)
- Детали
- вторник, 17 ноември 2020
Роналдо пристигна во Сплит пред мечот на Португалија со Хрватска, а папараците будно го следеа и го уловија во хотелот и на средба со поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Хрватските медиуми не го испуштаат од видик португалскиот фудбалер од моментот кога пристигна во Сплит, а успеаја да го „уловат“ како ѕирка од терасата на хотелската соба и додека се дружи со соиграчите во ресторан.
Тој не испушти прилика да се сретне и со неколку фудбалери од фудбалската репрезентација на Хрватска, меѓу кои Матео Ковачиќ и Лука Модриќ, неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид.
https://www.instagram.com/p/CHr5lN7AJ4O/
https://www.instagram.com/p/CHr5pxHg4D5/
Лука и Кристијано објавија неколку фотки од средбата на Инстаграм Стори, а Модриќ даде и кратка изјава околу разговорот:
„Кристијано? Го видов и позборувавме малку, мило ми е што се видовме по долго време, имаме многу спомени заедно и секогаш ми е драго кога ќе го видам. Кристијано и јас се потсетивме на времето од Реал Мадрид и позборувавме за моменталната ситуација, за општи работи. Обичен разговор помеѓу двајца поранешни соиграчи, двајца блиски пријатели. Нема да влегувам во детали на разговорот.“
https://www.instagram.com/p/CHr6NfyAKdx/
Додека Кристијано е во Хрватска, неговата партнерка Џорџина ги полни социјалните мрежи со фотосесии со куче-милениче, кое го нарекува бебе во домот.
Таа објави и фотка од Кристијано на теренот со која го бодри нејзиниот крал, како што го нарекува.
М. М. | Црнобело