Лукас Браво – згодниот готвач од Emily in Paris кој ги освои женските срца (фото)
- Детали
- недела, 22 ноември 2020
Тој е актер, професионален модел и моментално најзгодниот актер на ТВ екраните. Ако го додадеме фактот дека навистина е вешт во кујната, добиваме речиси совршен маж, зарем не?
Серијата „Емили во Париз“ според многумина има дискутабилен квалитет, но нема ништо дискутабилно во шармот на соседот на Емили, готвачот Габриел, кој го глуми 32-годишниот Лукас Браво.
Иако глуми од 2013 година, згодниот Французин го привлече вниманието на јавноста токму со оваа улога.
Што знаеме за Лукас Браво?
Тој е син на францускиот фудбалер Даниел Браво и француската пејачка и актерка Ева Браво.
Неколку години навистина работел како помошник на главниот готвач во јапонско-француски ресторан и е голем обожавател на серијата „Сексот и градот“.
Толку голем обожавател што ја изгледал серијата дури 12 пати! Во едно интервју открил дека омилени ликови му се Ејдан и Саманта, дека е среќен што имал можност да соработува со Дарен Стар, продуцентот на култната серија.
На снимањето на „Emily in Paris“, тој одлично се забавувал со неговите колешки Лили Колинс и Камил Разат (која ја игра неговата девојка).
Иако сите имале своја приколка за време на снимањето, Лукас открива дека девојките нонстоп биле во неговата.
Очигледно има и добра причина зошто. Еве неколку:
https://www.instagram.com/p/CHkTTI-Fkaz/
https://www.instagram.com/p/CGaJnOZleaX/
https://www.instagram.com/p/CF7Rh8qIlhX/
https://www.instagram.com/p/B2qhWaIIhpg/
https://www.instagram.com/p/BrhjltLBq3g/
https://www.instagram.com/p/BcSYIr5BmlJ/
https://www.instagram.com/p/CGqqtHalRmi/
(О)Милена | Црнобело