Хајди Клум (47) и Том Каулиц (31) разменуваат нежности и пеат голи под туш (видео)
- Детали
- понеделник, 16 ноември 2020
Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц изненадија со видео на кое под туш пеат и се бакнуваат – парот очигледно го понесоа емоции, додека други ова го препишуваат на недостаток на внимание, кое дефинитивно го добија со овој потег...
Парот ужива во времето поминато заедно, а очигледно немаат проблем да им покажат на фановите како изгледаат зад совршените Инстаграм фотки.
Обидувајќи се да се покажат во секојдневно, природно светло, Хајди и Том, понесени од емоциите се снимаа под туш.
Тие ја пеат песната Into The Unknown од Frozen, а Хајди им постави предизвик на фановите и во описот на видеото напиша: Можете ли да погодите кој филм го гледавме?
Сепак, 47-годишната мајка знае до каде ѝ се границите и не дозволува видеото да премине во вулгарност, па со рацете умешно го крие деколтето:
М. М. | Црнобело