Анџелина Џоли не се дели од омилените влечки и во есен + детали за неа и Бред Пит од поранешен вработен (фото)
- Детали
- четврток, 12 ноември 2020
На прошетка со 12-годишната ќерка Вивиен, Џоли (45) без шминка повторно докажува дека е вистинска убавица.
Анџелина Џоли е препознатлива по тоа што во стајлинзите сака неутрални тонови и минимализам. Во последно време не се дели од заштитната маска за лице, што е за секоја пофалба, но и од омилените влечки од брендот „Valentino Vlogo“, ги носи дури и на есен.
Таа со 12-годишната ќерка Вивиен беше фотографирана пред Starbucks во Лос Анџелес.
45-годишната актерка уште е на суд со поранешниот сопруг Бред Пит околу старателството за децата и дефинитивно е дека нивните деца ќе бидат со Бред за Божиќ годинава.
За своите деца во една пригода Џоли изјави: „Некои сакаат да го злоупотребат моето молчење и моите деца гледаат лаги за нив во медиумите, но јас ги потсетувам дека тие ја знаат нивната вистина. Всушност, тие се многу силни и многу храбри млади луѓе.“
И додека синот Медокс веќе има 19 години и влегува во возрасни личности, парот има уште 5 малолетни деца за кои се води легална битка.
Инаку, неодамна во медиумите проговори Марк Били Билингем, поранешен вработен кај славниот пар. Били работел како телохранител и вели дека било супер да се работи за Бред и Џоли и дека најголемата грижа на парот била безбедноста на нивните деца.
„Најмногу се грижеа некој да не ги киднапира децата за потоа да им бара откуп“, изјави Били кој работел 18 месеци за славниот пар.
Тој додава дека најмногу го воодушевувало како Џоли и Пит одлично менаџирале со времето и пронаоѓале време за сѐ, од семеен живот, па до хуманитарна работа.
Погледнете кога Џоли повторно ги носеше омилените влечки - Анџелина Џоли е сосема „обична“ мајка кога оди на пазарење во маркет со децата (фото)
С. С. | Црнобело