„Импотентен е, си ги нема измиено забите од 2019“ – шокантни изјави од поранешната сопруга на Фил Колинс
- Детали
- недела, 15 ноември 2020
Поранешната сопруга на славниот музичар Фил Колинс, Оријана Севеј, го тужеше пејачот обвинувајќи го дека се повлекол од договорот според кој требало да ѝ припадне половина од куќата во вредност од 40 милиони долари.
Во изјавите, Оријана го опишала Колинс како испосник кој не си ги измил забите или себеси со месеци.
Таа му кажала на Колинс дека ќе оди на службен пат и во таа пригода се омажила за друг маж, а тврди дека во 2017 година поранешниот сопруг почнал многу да пие и често пати се онесвестувал од комбинациите на лекови и прекумерна доза на алкохол.
Таа дури кажува дека на неколку наврати паднал и си ја повредил главата при падот, па се пријавил во болница под псевдоним.
Оријана тврди дека до 2019 година, Колинс станал уште подепресивен, повлечен и насилник, а по операцијата на ’рбетот станал сè повеќе зависен од антидепресиви и таблети против болки.
„Не можеше да има секс. Престана да се тушира, да си ги мие забите и да се облекува нормално. Всушност, си ги немаше измиено забите и се немаше истуширано од 2019-та во август до 2020-та година кога си отиде од нашиот дом“.
Таа исто така потврди дека Колинс не е во состојба да прави нови песни или да снима музика затоа што бил „емоционално и вербално насилен“ кон неа, и често пати ги игнорирал и потребите на своите деца.
За потсетување, Фил Колинс е татко на актерката Лили Колинс, која годинава се прослави со улогата во хит-серијата Emily in Paris.
Адвокатите на Колинс пак тврдат дека нејзиното барање до судот содржи многу докази за лажни, нематеријални, дрски, скандалозни и перверзни обвинувања кои немаат никаква врска со законските барања во случајот.
(О)Милена | Црнобело