Стинг планира да потроши сè - славни личности кои ги „исклучиле“ децата од тестаментот
- Детали
- недела, 06 декември 2020
Некои богати луѓе сметаат дека не треба да им остават наследство на децата, па целосно ги исклучуваат од нивниот тестамент.
Навистина е убаво да се родите во многу богато семејство – не мора да се грижите за ништо, можете да учите во најпрестижните училишта и, на некој начин, целиот живот ви е обезбеден.
Но, ако сте дете на луѓето во продолжение, не треба да се надевате дека ќе добиете нешто.
Погледне кои славни и богати личности ги исклучиле нивните деца од тестаментот:
Гордон Ремзи
Гордон е најпознатиот готвач во светот и има богатство од 220 милиони долари. Покрај неговите вештини за готвење, тој се прослави и со неколкуте ресторани, но и поради неговиот лош темперамент.
Неодамна, готвачот изјави дека нема план да ги вклучи неговите пет деца во тестаментот, бидејќи смета дека неговото богатство е многу повеќе потребно во некоја добротворна организација.
Џоан Крафорд
Поради неверојатната убавина и талентот за глума, Џоан беше светска ѕвезда во 1930-тите.
Постоеја многу гласини дека Џоан била ужасна личност зад камерите, а една од нејзините четири ќерки изнакажа навистина лоши работи за неа.
Кога Џоан почина во 1977-ма, во нејзините тестамент пишувало дека нејзините две помали ќерки, Синди и Кети, ќе добијат 77.500 долари.
Но постарите деца, Кристофер и Кристина, не биле воопшто спомнати.
Стинг
Пред да стане познат, Стинг работел сè и сешто за да преживее. Откако се прослави, тој успеа да заработи над 400 милиони долари, а бидејќи уште е колку-толку активен, сигурно и уште заработува.
Но, музичарот има изјавено дека не му е план да им остави нешто на децата. Напротив, тој сакал да ги истроши скоро сите пари пред неговата смрт.
Марлон Брандо
Марлон Брандо е еден од најдобрите актери што се појавиле во Холивуд. Тој имаше неколку одлични улоги, од кои две му донесоа Оскар, а додека беше жив имаше богатство од 100 милиони долари.
Но, кога почина, се дозна дека во неговиот тестамент испуштил две од 11-те деца.
Ештон Кучер и Мила Кунис
Ештон и Мила се навистина моќна двојка, а и двајцата имаат импресивна кариера.
Моментално најважно им е да ја зачуваат приватноста на нивните деца, но, по нивната смрт, не планираат да им остават ништо.
Слично како повеќето на листава, и тие сакаат да ги донираат милионите во добротворни организации.
Бил Гејтс
Гејтс е еден од најбогатите мажи во светот, а со сопругата Мелинда, најголем дел од богатството трошат во добротворни цели.
Нивниот план е и после нивната смрт, 99% од богатството да се искористи за истата цел, оставајќи ги нивните деца со многу малку пари.
Спирова С. | Црнобело