„Ќе ја докажам мојата невиност“ – Џони Деп присилен да даде отказ од Warner Bros. откако судот утврди дека ја малтретирал Амбер

Џони Деп беше прогласен за виновен после тврдењата на Амбер дека ја малтретирал. Кратко по пресудата, актерот добил наредба од Warner Bros. да се повлече од улогата во франшизата Fantastic Beasts.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-01.jpg

Пред неколку денови, Џони Деп го изгуби спорот со Амбер Херд. Поранешната сопруга на актерот тврдеше дека тој бил насилен и дека ја удрил неколкупати, а се однесувал како „чудовиште“ кога бил под дејство на алкохол и наркотици.

После 16-дневното судење, судијката пресудила во корист на Амбер, обвинувајќи го актерот дека ја удрил неколкупати додека беа во брак.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-02.jpg

Адвокатите на актерот, пак, сметаат дека пресудата е неоснована и дека актерот не е виновен. Наводно, најмногу им пречело тоа што судијката се потпирала само на сведочењето на Амбер, а ги игнорирала бројните докази кои јасно укажувале дека таа лаже.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-03.jpg

Актерот ќе треба да ѝ исплати голема сума на Амбер, но пресудата веќе почна да влијае и врз неговата кариера – тој добил наредба од Warner Bros. да се откаже од улогата во популарниот Fantastic Beasts, и покрај тоа што веќе има снимено неколку сцени за новото продолжение.

Филмот е „спиноф“ од серијалот Хари Потер, а Деп ја имаше улогата на злобниот волшебник Гринделвалд. Многумина веруваат дека поради овој настан, на холивудската кариера на Џони ѝ дошол крајот.

„Ова е ужасно за Деп. Сега тој е обележан. Засекогаш ќе биде познат како тепач на жени, пијаница и наркоман“, изјавил еден адвокат.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-04.jpg

Самиот Џони ги соопшти новостите, изјавувајќи дека ќе се бори против оваа неправедна пресуда.

„Поради неодамнешните настани, би сакал да изјавам нешто кратко.

Најпрво, сакам да им се заблагодарам на сите што ми ја дадоа нивната поддршка и нивната лојалност.

Трогнат сум од многуте ваши пораки полни со љубов и грижа, особено последниве неколку денови.

Второ, би сакал да знаете дека Warner Bros. ми рекоа да се откажам од улогата на Гринделвалд во Fantastic Beasts, и го испочитував и се согласив со тоа барање.

За крај, сакам да го кажам ова.

Нереалната пресуда на судот во Велика Британија нема да ме спречи да се борам да ја кажам вистината и планирам да поднесам жалба.

Имам намера да докажам дека обвиненијата против мене се лажни. Мојот живот и мојата кариера нема да бидат дефинирани од овој момент“, напишал актерот.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-05.jpg

Од студиото, пак, изјавија:

„Џони Деп ќе си замине од франшизата Fantastic Beasts. Му благодариме за досегашната работа на филмовите. Моментално Fantastic Beasts 3 е во продукција, а за улогата на Гринделвалд ќе најдеме друг актер. Филмот ќе има премиера во кината ширум светот во летото 2022“.

Многу луѓе сметаат дека обвиненијата биле многу сериозни, но повеќето фанови застанаа на страната актерот. Истовремено, тие го критикуваат Warner Bros. поради одлуката да го избркаат Деп, а почнаа и петиција за отстранување на Амбер од новото продолжение на филмот Aquaman. И ова е филм на Warner Bros. во кој актерката има една од главните улоги.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-06.jpg

Амбер и Џони ги очекува уште едно судење – актерот ја тужеше поранешната сопруга поради текст во The Washington Post каде што таа зборува за домашното насилство и тврди дека Џони е насилен кон жените. Судењето е закажано за мај 2021-ва.

За време на судењето што го изгуби Џони, се дознаа навистина чудни работи за него и Амбер. Наводно, актерот користел многу кокаин, трошел 30.000 долари месечно за вино, изгубил 650 милиони долари, должел 100 милиони во даноци и ја нападнал Амбер неколкупати додека биле во Австралија кога бил под дејство на алкохол и наркотици.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-07.jpg

За Амбер, пак, се расчу дека имала афера со милијардерот Илон Маск и дека оставила нејзин измет на брачниот кревет што го делеа со Џони.

Деп изјави дека не е виновен за ништо од горенаведеното, но и дека Амбер била таа што го напаѓала. Истовремено, тој ја опишал Амбер како „спонзоруша“.

Џони и Амбер се запознаа на сетот на The Rum Diary во 2009-та, а се венчаа во 2015-та. Нивната врска почна да се движи во погрешна насока само околу една година после венчавката, а допрва ги чекаат уште судски спорови.

kje-ja-dokazham-mojata-nevinost-dzhoni-dep-prisilen-da-dade-otkaz-od-warner-bros-otkako-sudot-utvrdi-deka-ja-maltretiral-amber-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg