Џанлука Ваки повторно со екстравагантен потег за бебето, а партнерката се жали од царскиот рез
- Детали
- петок, 06 ноември 2020
По раскошниот пречек во домот на бебето и неговата партнерка, италијанскиот милијардер им приготви ново изненадување во негов стил.
Џанлука Ваки и неговата партнерка Шерон Фонсека во нивниот дом позираа со огромна буква „Б“ (првата буква од името на нивната ќеркичка) направена од сини рози во чест на неговата ќерка Блу Јерузалема Ваки.
Во описот на фотката тој се пошегува на тема план Б: „Ова е првпат во мојот живот кога Б ми е во прв план“.
Потоа и Шерон објави фотка како позираат со огромно мече и со нивното куче и се пожали дека уште закрепнува од царскиот рез.
„Ви благодарам за сета љубов што ја примам. Нема да ве излажам ако ви кажам дека ова е првпат оваа седмица што облекувам друга облека, а да не се пижами, и не сум го користела телефонот цела седмица, а понекогаш заборавам да пијам и вода, додека закрепнувам од царскиот рез.
Но, искрено, уживам во секоја секунда од тоа. Помина една седмица... и веќе се чувствувам носталгично што времето лета!“, напиша Шерон.
Се разбира, не помина и без танц, но овој пат танцуваше само Џанлука Ваки, погледнете ТУКА!
С. С. | Црнобело