Татко и сопруг од соништата: Како ги пречека Џанлука Ваки девојката и новородената ќеркичка дома? (видео)
- Детали
- недела, 01 ноември 2020
Слончиња и мечиња со балони во двор, слатка маса, мини фигури со трудничкото стомаче на Шерон - Џанлука ги донесе своите две принцези во луксузниот дом и им приреди бајковито изненадување.
Џанлука Ваки на 53 години ја доби ќеркичката Блу заедно со 25-годишната Шерон Фонсека, а среќната вест ја објавија на 28-ми октомври на Инстаграм.
Џанлука во текот на целата бременост на Шерон беше превозбуден и со нетрпение ја очекуваше ќеркичката, а тоа го докажа и со магичниот пречек.
Тој ги донесе неговата девојка и ќеркичка во нивниот луксузен дом во Италија, декориран бајковито, со панделки и балони во дворот, слатка маса во домот и мини фигури со трудничкото стомаче на Шерон.
Кој не би посакал ваков маж покрај себе?
М. М. | Црнобело