По стриите на стомакот, плус сајз моделот Ешли Греам ги покажа и неизбричените пазуви (фото)
- Детали
- среда, 04 ноември 2020
Цел ѝ е да промовира љубов кон себе во секакво издание, па позира со стриите и целулитот во прв план, а сега и со неизбричените пазуви.
Ешли Греам неодамна го прослави 33-от роденден, а со своите искрени фотографии на Инстаграм продолжува да ги руши бариерите.
Прво покажа како ѝ изгледа телото по породувањето, потоа ги покажа стриите на стомакот, па како дои во јавност, а сега ги покажа и неизбричените пазуви.
Плус сајз моделот шири позитивност и љубов кон себе во секакво издание. Таа порачува дека треба да се сакаме и со вишок килограми и без шминка, па дури и несредени.
Има повеќе од 11 милиони следбеници кои навистина ја ценат нејзината искреност.
Дел од нејзините фотки:
С. С. | Црнобело